Се е подготвено за посетата на Папата Франциск на Краков, кој утре за прв пат ќе допатува во родниот град на Папата Војтила – Јован Павле Втори. Посетата на Полска е во рамки на одбележувањето на „Светските денови на младите“ во годината на милосрадието.
Папата на средбата со младите во четврток на 28 јули треба да пристигне во 17.30 часот и во паркот Јордан во Блонија – Краков младите ќе му приредат свечено добредојде. Следниот ден на 30 јули во 18.00 часот Папата ќе го предводи Крстниот пат за млади, повторно во паркот Јордан во Блонија – Краков.
За сабота 30 јули предвидено е Франциск да го посети Кампот на милосрдието и со неколку млади ќе помине низ Светата врата, а во 19.30 часот ќе го предводи молитвеното бдение со младите во Кампот на милосрдието.
Централна прослава од посетата на папата Фрањо на Полска е свечената Литургија со младите во Кампот на милосрдието на 31 јули во 10.00 часот. Во недела 31 јули во 18.15 часот на аеродромот Балице – Краков е предвидена завршната прослава од каде Папата ќе замине за Рим.
На Светскиот ден на младите во Краков е предвидено да учествуваат околу 800 епископи, додека оганизацискиот одбор очекува на средбата со Папата да учествуваат од 1,5 до 1,8 милион млади. Најмногу млади доаѓаат од Полска, потоа Италија, Франција, Шпанија, САД, Германија, Бразил, Украина и Португалија.

