Теолошки институт во Париз: Напад врз меѓурелигискиот дијалог

Date:

Share post:

Терористичкиот напад врз црквата во парохијата Сент Етјен, во кој брутално беше  убиен 85-годишниот пензиониран свештеник и сериозно повредено друго лице, ја вознемирени католичката заедница во Франција.

Francija Ubie svestenikИсламологот, Емануел Писани, директор на научниот институт за теологија на религиите на Католичкиот институт во Париз, смета дека една од целите на нападот е  да се предизвика раздор во француското општество.

“Христијани најмногу се обидуваат да изградат мостови кон муслиманите, но со таквите напади џихадистите сакаат да ги урнат, а може и целосно да го уништат меѓурелигиски дијалог, изјавил професорот Писани, потенцирајќи дека стравува оти нападот може да има сериозни последици врз односите меѓу христијаните и муслиманите.

-На ваков начин да удрите на верниците, додека црквата повикува на разбирање и дијалогот е најлесниот начин да се разбие општеството. Некои неизбежно ќе кажат:. Погледне, ние им нудиме рака, ги отфрламе предрасудите и тие не убиваат. Христијанската милост не обврзува да сочувствуваме и за овие млади терористи од сите видови, но тоа не значи дека ние треба да се откажеме од напорите за отфрлање на сите насилни и смртоносни идеологии. Ние мора да останеме верни на Христа, што значи да се прифати тестот на крстот, но исто така со сите сили да се залагаме за мир. Ние мора да се бориме против злото, но и де се чуваме од стврднување на срцето што може да не доведе во состојба на страв и очај , изјавил професорот на парискиот институт.

/РЕЛИИГИЈА.МК

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img