Почетна Анализа ФЕЉТОН – Балканските православни цркви во политиката на советскиот сојуз – КАДЕ МОСКВА УСПЕА, А КАДЕ НЕ? (6)
ФЕЉТОН – Балканските православни цркви во политиката на советскиот сојуз – КАДЕ МОСКВА УСПЕА, А КАДЕ НЕ?  (6)

ФЕЉТОН – Балканските православни цркви во политиката на советскиот сојуз – КАДЕ МОСКВА УСПЕА, А КАДЕ НЕ? (6)

215
0

Балканските православни цркви во политиката на советскиот сојуз, првите години по втората светска војна е научен труд на полскиот историчар и балканист Тадеуш Чекалски. Станува збор за исклучително вреден научен труд кој се обидува да го лоцира влијанието на Руската православна црква врз балканските православни цркви, почнувајќи веднаш по Втората Светска Војна. Религија.мк, ќе го објави целиот текст во форма на фељтон во неколоку продолженија, од кои се добива јасна слика за империјалистичките и територијални претензии на Руската црква врз балканските цркви.

Овој труд на професорот Тадеуш Чекалски првпат е објавено во Balcanica Posnaniensia vol. 30 (December 2023).

Авторот Чекалски е полски историчар, балканист, доктор по хуманистички науки. Работи како професор на Институтот за историја на Јагелонскиот универзитет. Се занимава со историјата на Балканот во 19 и 20 век и социјалната историја на Европа во 19 и 20 век. Автор на 10 книги и над 70 научни статии. Член на Комисијата за балкански студии при огранокот во Познањ на Полската академија на науките и Централноевропската комисија на Полската академија на науките. Од 2019 година, член на Дисциплинскиот совет за историја на Јагелонскиот универзитет .

КАДЕ МОСКВА УСПЕА, А КАДЕ НЕ?

Програмата за потчинување на православните цркви на Балканот под раководството на Руската православна црква, извршена по налог на Кремљ, беше еден елемент од планот Москва да стане „идеолошки центар“ на православните низ светот. Во тесна корелација со напорите за политичка советизација на Балканот, тој произведе ограничени резултати, далеку од очекувањата изразени во 1945 година.

Планот за свикување на светска конференција на православните цркви во Москва, слично на планот да го направи главниот град на СССР идеолошка татковина за Христијаните во целиот свет, во јули 1948 година заврши со неуспех за Кремљ, притоа потврдувајќи го приматот на Вселенската патријаршија во православниот свет.

Во практичното работење на советската држава, ова доведе до пад на важноста на Православната црква како ефективен инструмент на надворешната политика, а воедно и на зајакнување на системот на контрола на верските заедници, што набрзо го доживеаја земјите во советската сфера на влијание. Обидот целосно да се подреди и наметне шаблонот на советската верска политика во Бугарија и Албанија беше успешна. Ова беше олеснето со тесна соработка на политичките власти на овие две земји во процесот на потчинување на црквите, како и со внатрешните поделби меѓу православната јерархија и падот на јавната поддршка за црковните институции во првите повоени години.

Потврда за блиската врска што ги поврзува Бугарската и Албанската црква со Москва беше чинот на отфрлање, на предлог на Москва, на учеството на овие заедници во Светскиот совет на црквите.

Српската православна црква, зајакната од авторитетот на патријархот и херојството на Црквата која страдаше и беше прогонувана за време на војната, имаше поинаков ас за преговори при напорите за зачувување на својата независност. Судбината на Српската црква и нејзината независност од Москва, беше определена од советскојугословенскиот политички спор.

Ставот на скептицизам кон советската доминација парадоксално стана обединувачки фактор меѓу комунистичките југословенски политичари и православните архиереи. Обединувањето на припадниците на Православната црква на Југоисточна Европа под власта на Москва веќе е претставено повеќе во реториката на панславистичките, отколку на панбалканските слогани, уште од 1946 година.

За Грчката црква, понудата на водство од страна на заедница сервилна на атеистичките власти во Москва, во православниот свет е несогласна со православната традиција и евангелската мисија на заедницата.

(КРАЈ)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *