Одлуката на бугарската влада да ги блокира санкциите против Рускиот патријарх што во 21-от пакет санкции против Русија ги предвите Европската унија се уште ја бранува јавноста во Бугарија.
Јавната дебата за тоа дека Кирил не држи автомат, не командува со армија и не произведува дронови, но Европа го смета за дел од машинеријата што ја оправдува војната, станува се пожестока. Зошто патријархот Кирил се најде во предлогот за 21-от пакет санкции против Русија – и зошто Бугарија се закани дека ќе го блокира? Дали ова се санкции против еден духовник или против политичко влијание облечено во расо? И дали постои ризик темата да биде искористена за да се наметне впечаток дека Европа војува со православието, се само дел од последната дебата на новинарот Тони Николов и богословот доц. Костадин Нушев во емисијата „Ова утро“ на БТВ.
Тони Николов е категоричен дека не станува збор за санкции против православната вера.
„Се разбира дека станува збор за санкции против една конкретна личност. Секој обид да се инструментализира верата, религијата, навистина треба многу внимателно да биде отфрлен, вели тој.
Според него, важно е да се прави разлика меѓу православието како религија и дејствувањето на конкретен црковен водач.
„А самиот руски патријарх објави дека оваа војна е света. И потпиша една одлука на рускиот народен собор. Кога зборуваме за света војна, тоа многу наликува на крстоносен поход, потенцира Николов и нагласува дека станува збор за војна меѓу две држави со православни традиции и блиски историски врски:
„Ова е војна во која се убиваат луѓе. Се прашувам како еден духовник од таков ранг може да го усогласи тоа со православната литургија, во која се молиме за мирот од небото и за мирот на земјата, вели тој.
Тој потсети дека по почетокот на војната во 2022 година многу православни цркви, како и други христијански заедници ширум светот, очекувале токму патријархот Кирил да го искористи својот авторитет за постигнување примирје.
„Очекуваа дека тој едноставно со своите зборови може да направи нешто и дека некакво примирје може да настапи во третиот, шестиот или деветтиот месец. Тоа не се случи“, изјави Николов.
На прашањето дали благословувањето на војната од страна на патријархот Кирил може да го претвори зборот во оружје, доц. Костадин Нушев одговори:
„Да, токму така. Тоа што тој како духовен водач го користи зборот, својата пастирска позиција за оправдување на војната, всушност е таа алатка, тоа оружје, поради кое тој се разгледува како високопоставен службеник кој со својата служба ја поддржува и помага во разгорувањето на војната, наместо да биде миротворец.“
Богословот посочи дека улогата на Црквата по правило е спротивна.
„Службата на Црквата треба да биде насочена кон спречување на воените конфликти, потенцира Нушев, кој како пример ја наведе реакцијата на митрополитот Онуфриј, поглавар на Украинската православна црква, која до почетокот на војната била под јурисдикција на Московската патријаршија.
„По почетокот на војната тој изјави дека тоа е братоубиство и братоубиствениот грев на Каин и го повика патријархот Кирил да се погрижи за своето паство во Украина.“
Според Нушев, кога станало јасно дека патријархот Кирил ја поддржува воената агресија, Украинската православна црква престанала да го споменува на богослужбите и прогласила самостојност.
„Тој не се покажува како духовен пастир, непристрасен и како миротворец. Не може да им се служи на двајца господари“
Доц. Нушев нагласи дека според христијанското учење духовниот авторитет е неспоив со служењето на политички режими.
„Во Евангелието е кажано дека христијаните треба да бидат миротворци и дека не може да им се служи на двајца господари. Не може истовремено да бидеш служител на световниот режим и да сакаш да се користиш со духовниот авторитет на високопоставен клирик или пастир, вели Нушев.
Според него, токму тука е главната противречност околу личноста на рускиот патријарх.
„Ова се санкции против едно конкретно лице и тоа како физичко лице.“
Нушев ја коментираше и логиката зад европските санкции:
„Не може истовремено да бидеш пропагатор на војната, идеолог на војната, а да сакаш како приватно лице да ги користиш сите слободи и права на Европската Унија, а во исто време да водиш пропаганда против Европа и Западот.“


Професионален теолог може да биде и опасна појава во Црквата, професионалните теолози често остануваат на рамниште на бубалици кои не практикувале никогаш ништо од набубаното ни на основно ниво.
Тоа е како квази инженер кој ако го пуштите да раководи во фабрички погон може и да ја запали фабриката (се сеќавам на еден таков пример во Скопје од поранешното социјалистичко општество).
Кога велам ‘практикување’ мислам на автентичен духовен подвиг во услови на безусловно послушание (искуство кое Московскиот Патријарх сепак го има, значи има положено многу разноразни испити за да биде украсен со дар на расудување, кој е многу редок и значаен духовен дар, а не нешто за кое интелектуалците мислат дека им е својствено).
Е сега што ЕУ-подобноста или ЕУ-визијата за пастирска подобност (која впрочем е од римокатолички происход, каде традицијата на редовни јавни декламации за тековни општествени прашања од глобален карактер) е негов критериум за ревидирање на пастирските манири на Московскиот Патријарх, тоа е индикатор за неговата професионална поткованост (на која неговата титула инсистира).
ЕУ-визијата би сакала да го види Московскиот Патријарх како сеач на раздор во неговото стадо, како поттикнувач на дезертерство, катализатор во еден ЕУ посакуван руски воен пораз.
Но, Московскиот Патријарх не е ни велепредавник ни ЕУ-пион. Не е ЕУ-тренирана марионета.
За разлика од некои бугарски теолози и хуманистички набилдани аналитичари.
Ако некој не ја разбира разликата меѓу хуманистичкиот, светскиот поим за мир или за правда и православниот, нека ја прочита последната беседа на Архиепископот Стефан на Четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка во Скопје.