Почетна Вести Христијанство ЕКСКЛУЗИВНО: Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември
ЕКСКЛУЗИВНО: Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември

ЕКСКЛУЗИВНО: Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември

1.67K
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста.

Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.

– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.

Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…

-Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.

Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *