Почетна Вести Дочек на Нова Година под силни полициски контроли
Дочек на Нова Година под силни полициски контроли

Дочек на Нова Година под силни полициски контроли

92
0

Ширум Европа, за дочекот на Новата година, зајакнати се мерките за безбедност поради потенцијалните терористички напади, откако на Божиќниот базар во Берлин беа убиени 12 лица.

Во европските престолнини подигнати се бетонски бариери, а зголемено е присуството на полицијата, пренесува Reuters.

Во Берлин, затворен не плоштадот пред Бранденбуршката порта, а дополнително ќе бидат распределени 1.700 полицајци.

nova-godina-sss„Се преземаат сите мерки за да се спречи потенцијалниот напад“, рече за британската агенција портпаролот на полицијата во Берлин, Тоамс Нојендорф, додавајќи дека некои полицајци ќе носат автоматски пушки.

Повеќе од 600 полицајци ќе бидат на должност во новогодишната ноќ во Франкфурт, што е двојно повеќе од 2015 година.

Во Келн, каде стотици жени минатата новогодишна ноќ беа жртви на сексуален напад или се ограбени пред главната железничка станица, полицијата постави надзорни камери.

Во Виена полицијата на жените им подели повеќе од 1.000 џепни аларми за да се избегне да се случи истото како со жените во Келн.

Градоначалникот на Брисел, каде во самоубиствени напади во март беа убиени 16 лица, а повредени повеќе од 150, размислуваше да го откаже огнометот за дочекот на Новата година, но сепак оваа недела одлучи на тој начин да го одбележи влегувањето во 2017 година.

Мерките за безбедност се зајакнати и на туристички локации во Италија, меѓу кои и Колосеумот во Рим.

На градскиот плоштад во Милано, каде полицијата го уби осомничениот за нападот во Берлин, спроведени се бројни безбедносни проверки, а на камионите им е забрането да пријдат до центарот на Рим или Неапол.

Во Мадрид се планира распоредување на 1.600 полицајци за време на викендот. Втора година по ред, пристапот на главниот градски плоштад Puerta del Sol, каде традиционално се дочекува Новата година, ќе биде ограничен на 25.000 луѓе, а полицијата ќе постави барикади за да го контролира пристапот.

Во Франција 90.000 полицајци и повеќе илјади војници ќе бидат на должност во новогодишната ноќ. Само во Париз, каде во нападите на Исламска држава се убиени 130 луѓе во ноември минатата година се зголемени мерките за безбедност за време на викендот, а се очекува 600.000 луѓе да го гледаат огнометот на најпознатата париска авенија Елисејските полиња.

По нападот во Берлин зголемени се и мерките за безбедност на Балканот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *