Почетна Вести Бугарскиот премиер со водосвет брка ѓаволи од Владата

Бугарскиот премиер со водосвет брка ѓаволи од Владата

862
0

Бугарската влада на 6 јануари , ден кога Бугарската православна црква го одбележува Богојавление или Водици, својата седница ја почнала со голем водосвет во владината зграда.

Премиерот Бојко Борисов, заедно со неговиот владин кабинет на овој начин посакаа почеток на усшена година на бугарската влада.

Водосветот бил извршен од свештеник од Гигинскиот манастир и тоа во салата за владини седници.

Свештеникот ги пренел и поздравите од бугарскиот Патријарх Неофит за овој чекор на Премиерот Борисов.

Борисов во својот препознатлив стил, барал од свештеникот Никанор со поголем млаз света вода да ги испрска неговите членови на владиниот кабинет како да прска кон демони и ѓаволи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *