Почетна Вести Бадниково дрво во резиденцијата на Претседателот
Бадниково дрво во резиденцијата на Претседателот

Бадниково дрво во резиденцијата на Претседателот

380
0

Српскиот Претседател, Томислав Николиќ внесе бадниково дрво во претседателската резиденција за Бадник и го навлече гневот на српските атеисти. Го обвинија дека го урива уставниот поредок и секуларноста на државата, промовирајќи религиски елементи.

Во реакцијата на атеистите во Србија на критика се најде и министерот за вонредни ситуации, Веља Илиќ. Тој и Николиќ, како што обвинуваат атеистите се обидуваат себе си да се претстават како најголеми верници меѓу верниците.

-Претседателот Николиќ на граѓаните им посака многу подобра 2016 година. Уште еден добар чекор во таа насока би било највисоките државни органи да почнат да го почитуваат највисокиот законски акт на државата, Уставот, стои во реакцијата на здружението на атеисти во Србија.

Реакциите за министерот Илиќ се поради трошењето пари од буџетот за Црквата. Атеистите го обвинуваат дека тоа го прави без каква било одговорност, поклонувајќи 10 милиони динари за градежни работи на црквата во Чачак.

-И додека народот продолжува да се мачи во сиромаштија, присилен на штедење или понижувачки „покачувања“ од по 100 или 200 динари, Владата подарува на организација која е ослободена од данок, а буџетски привилегирана со над шест милиони евра годишно, реагираат атеистите во Србија.

Српскиот Претседател на Бадник во Претседателската резиденција го внесе бадниковото дрво и на тој начин им го честиташе Божик на српските граѓани, поотенцирајќи дека се надева оти оваа 2016 ќе биде последна година на кризи во Србија.

-На сите граѓани на Србија, оние кои припаѓаат на СПЦ, како и оние кои не се дел од Црквата, сакам да им порачам дека и на нив мислам подеднакво, како и на оние со кои сум од иста вера. Господ да ја благослови ова агодина и да биде подобра од претходната, изјави Николиќ, внесувајќи голема гранка на дабово дрво во резиденцијата.
За него внесувањето на Бадникот е порака за единство меѓу граѓаните на Србија.

-Со внесувањето на бадникот и во Претседателството на Србија, сакам на симболичен начин да ги повикам сите граѓани на Србија да се свртат кон луѓето околу себе, не само кон самите себе, туки и кон оние околу нив, кои можеби тивко страдаат поради нивните дела или пропусти. Србија е доволно голема, мудра и племенита, така што секој може барем на еден покрај себа да му помогне, изјави Никлиќ.

Во зградата на Претседателот на Србија, била служена и литургија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *