Почетна Вести Бугарија забрани носење бурка на јавни места
Бугарија забрани носење бурка на јавни места

Бугарија забрани носење бурка на јавни места

269
0

Бугарскиот парламент вчера ја поддржа забраната за покривање на лицето на јавни места. Усвоениот закон предвидува дека никој не смее да го прикрива своето лица на јавни места. Во случај на непочитување на оваа одредба првата казна изнесува 100 евра за првиот прекршок и таа се зголемува до 750 евра за секој следен.

Официјалните лица непочитувањето на новиот закон ќе ги чини поскапо – глобата е 250 евра за првото нарушување на законот, а се зголемува на 1.000 евра за секое наредно. Kазни нема да се изрекуваат ако е неопходно таква облека да се носи поради здравствени проблеми, извршување на професијата, во рамките на спортски, културни и образовни настани, во верските објекти и друго, кога за тоа ќе се донесе закон.

burka-bugarija-2Пред почетокот на расправата во Собранието пратениците на Турците во Бугарија, Движење за права и слободи, предложија законот да не се разгледува во Парламентот, бидејќи според нив, тоа давало можност за „реваншистички, радикални и нездрави сили да бараат причина за одмазда“. Пратениците од ДПС, во знак на протест ја напуштија седницата на Парламентот.

Досега во повеќе европски земји се донесоа забрани за носењето бурка со цел да се засили контролата во спречување на исламистичките напади. Иницијатива за носење ист таков закон во Бугарија е дадена во април годинава. Тогаш потпретседателот на бугарската партија ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Искрен Веселинов најави дека неговата партија во Народното собрание поднесе предлог-закон за забрана за носење бурки на јавни места.

Според Веселинов, кој е пратеник во бугарското собрание од редовите на коалицијата Патриотски фронт (ПФ), носењето бурка е „исклучително опасна тенденција“.

– Бурките се предводници на ширењето на радикалниот ислам. Таму каде што има бурки, има и радикални исламисти и терористи – изјави тогаш Веселинов во Русе.

Kазните за носење бурка што во април ги најави Веселионов беа многу пониски од тие што ги усвои вчера законодавниот дом. Според првиот, тие требаше да изнесуваат помеѓу 50 и 200 лева (25 и 100 евра) за првиот прекршок. Веселинов тогаш се залагаше дека и тие што повикуваат или вршат притисок врз други лица да носат бурка, треба да понесат кривична одговорност.

Жени со бурки или хиџаб се појавија пред три години во Пазарџик, град на југот на Бугарија, кој се смета за упориште на самопрогласениот имам Ахмет Муса. Во Бугарија речиси 13 отсто од населението е со муслиманска вероисповед.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *