Бразилски католички бискуп јавно повика на поинклузивен пастирски пристап кон LGBT+ верниците, нагласувајќи дека Црквата е повикана да гради „култура на средбата“ преку слушање, близина и сочувство, а не преку осуда и исклучување.
Во обраќање, бискупот Арналдо Карвалхеиро Нетово кое се повикува на духовното наследство на покојниот папа Франциск, епископот потсети на неговите зборови од 2016 година, според кои вистинската христијанска средба значи да се застане покрај човекот што страда, да се слуша со внимание и да се делува со милосрдие. Во тој дух, тој соопшти дека прифатил мисија да служи како епископ-референт за Националната мрежа на католички LGBT+ групи во Бразил.
Епископот нагласи дека оваа служба не претставува богословска новина или отстапување од учењето на Црквата, туку пастирски пат на дијалог, со верност на Светото Писмо, Преданието и учењето на Црквата. Според него, целта е да се овозможи LGBT+ верниците да го живеат своето крштение во рамките на црковната заедница, посветени на Евангелието и на Божјото царство.
Тој особено укажа на сериозната состојба во бразилското општество, каде што LGBT+ лицата се соочуваат со високи нивоа на дискриминација, насилство и говор на омраза, вклучително и во религиозен контекст. „Хомофобијата“, рече тој, “убива, а секој религиозен говор што поттикнува насилство или го нарушува човечкото достоинство е спротивен на Евангелието“.
Епископот предупреди и на опасноста од религиозен фундаментализам, особено преку социјалните мрежи, штопридонесува за нови форми на насилство. Наместо тоа, тој повика на пастирска практика заснована на внимателно гледање, слушање и близина, како сведоштво на надеж и живот.
Осврнувајќи се на пораките од документот Amoris Laetitia, тој истакна дека не сите пастирски прашања мора да се решаваат на ист начин и дека единството во Црквата не ја исклучува можноста за различни пастирски пристапи.
Пастирското пристапување кон LGBT+ групи, нагласи епископот, ќе се развива како заеднички пат, заснован на љубов, радост и слушање, со цел секоја човечка личност да ги открие своето достоинство, вистината и повикот во светлината на Христос.

