Почетна Вести Белгиските власти одбиваат да им издадат визи на турски имами
Белгиските власти одбиваат да им издадат визи на турски имами

Белгиските власти одбиваат да им издадат визи на турски имами

153
0

Белгиските власти одбија да им дадат визи на 12 турски имами, јави ТАСС. Белгискиот Совет за правата на странските граѓани го поддржа денеска решението на белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен за забрана за издавање на долгорочни визи на турските имами, кои патуваат за Белгија за извршување на верски активности во незаконски џамии.

brisel dzamijaСпоред информациите на весникот „Дерниер јор“ од почетокот на годината влезот во Белгија им е забранет на 12 имами. Десет од нив се обратиле до суд со намера да изразат протест против решението на белгиските власти.

Адвокатите на имамите тврдат дека со ова им е нарушено правото на слобода на вероисповест. Судот сепак ги отфрли веќе жалбите на неколку имами, изјави Франкен.

Весникот нагласува дека во Белгија постојат проблеми, поврзани со непризнати џамии, кои не се под контрола на државата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *