Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 8 јули оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На средбата присуствуваше и секретарот на Скопската епархија, протоѓаконот Ванчо Умленски.
Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија информираа за средбата, но не соопштија повеќе детали за темите на разговорот меѓу архиепископот Стефан и министерот Тошковски.

