Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан од Белград: И благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија
Архиепископот Стефан од Белград: И благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија

Архиепископот Стефан од Белград: И благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија

1.31K
0

Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј, заедно со владици на МПЦ-ОА и на СПЦ, денеска во храмот „Свети Сава“ во Белград, ја отслужија Литургијата на помирување.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската Патријаршија.

„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, Патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската Патријаршија, раководен од Неговата Сесветост Патријархот г. г. Вартоломеј, и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви“ посочи, Архиепископот Стефан.

Тој ги повика членовите на СПЦ на овој Собор да донесат одлука со која пред Вселенската патријашрија ќе се претстави барањето за автокефалност.

-Со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот , го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата. Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, трудејќи се да го запази единството на Духот преку врските на мирот , ќе продолжи по патот што води и служи за мир и заемно надградување , по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква, изјави г.г. Стефан

-Вам , како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за согласието со одлуката дадена од страна на Вселенскиот Патријарх, Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се  прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во евхаристиско и канонско единство, а кое, еве, на дело се потврди со денешнава Света Литургија“, потенцираше Археипископот Стефан.

Српскиот патријарх Порфириј пак, оцени дека овој ден го содал Бог да се радуваме и да се веселиме со него.

-Се радува небото и земјата, се радуваат сите светители, се радува Свети Сава и сите кои се развивале од неговоте корени. Денеска се собравме во овој заветен храм на српскиот народ кој е посветен на Свети Сава да го спознаме денот што го создаде Господ. Црквата една, затоа што е Бог еден како глава на црквата. Ние градиме единство и го чуваме поредокот.
Браќа и сестри, заедница во единството е светиња и не треба да не чуди што силите на овој свет кои се противат на Бога, кои не го сакаат Христос. Христос е огледало, во него се се гледа, кои сме и што сме. Демонските силе ќе прифатат се освен единството, на нив им треба поларизација им треба расцеп, најнапред во поединецот. И еве без оглед на сите сили што имаат свои цели, наша цел е да го исполниме зборот на Христос и да бидеме едно. Имавме раскол кој траеше 55 години со нашите брака од Македонија. И таа рана беше длабока и болеше. Со таа рана размислувавме, легнувавме и стануваме, со чезнеење да се исцели. Раната е исцелена, а тоа е дар божји. Браќа архиереи нашата радост е неизмерна. Тоа е радост на љубовта божја, ние во Христа и црквата сме едно.
Браќа и сетри од Србија и Македонија денеска срцето на нашите народи чукаше за сите нас и заедно со нас. Чука во ритамот на Христос. Господ не погледна и не помилува“, заклучи патријархот Порфириј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *