Почетна Вера АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН: Да се свртиме едни кон други, а не едни против други

АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН: Да се свртиме едни кон други, а не едни против други

486
0

Верниците масовно го слават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица. Одбележувањето на празникот почна од синоќа со полноќни бденија во  храмовите.

Централната прослава во Скопје беше во манастирот на Пресвета Богородица на Матка, каде денеска голем број верници дојдоа да запалат свеќа и да се помолат за здравје.

Богородица важи за заштитничка на жените, мајките, леунките, рударите, но и на сите граѓани на градот Скопје.

Поглаварот на МПЦ г.г Стефан порача дека примерот на Пресвета Богородица е особено важен во ова време на лични, семејни проблеми но и недоразбирања меѓу народите и државите.

Манастирот го посетија повеќе политичари, градоначалници и голем број граѓани. Таму беше Министерот за Финансии,  Кирил Миноски, како и Директорката на Комисијата за односи со Верските заедници, Валентина Божиновска.

На Матка дојде и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

За нив е важно да продолжи традицијата и секоја година да се зголемува бројот на верници кои заедно ќе го прославуваат Успението на Пресвета Богородица.

Порака до сите верници испрати и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници. Божиновска посакува сите да ги обедини добрината и љубовта.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *