Почетна Политичка теологија АНКЕТА: Автокефалноста на МПЦ-ОА е прашање од национален интерес
АНКЕТА: Автокефалноста на МПЦ-ОА е прашање од национален интерес

АНКЕТА: Автокефалноста на МПЦ-ОА е прашање од национален интерес

379
0

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА за верниците е многу повеќе од црковно прашање и е идентично на прашање од национален интерес.

Истражувањето на „Религија.мк“, „ИПИС“ и „КАС“, покажува дека од тие причини, верниците на МПЦ-ОА, сметаат дека Македонската црква, треба да продолжи со процесот на нејзино прифаќање и признавање во Православниот свет.

На прашањето: „Дали признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е прашање од национален интерес, или само црковно прашање?“,  речиси две третини од анкетираните, или 59,8% сметаат дека тоа е „прашање од национален интерес“, додека пак 26,3% сметаат дека признавањето на автокефалноста е „само црковно прашање“. Помалку од 15, или 13,9% пак немаат конкретен став за ова прашање.

Во тој контекст верниците на МПЦ-ОА, сметаат дека таа треба да продолжи да бара признавање на нејзината автокефалност во Православниот свет. Таков став делат 88,1% од испитаниците, додека пак само 6% сметаат дека „МПЦ-ОА не треба да бара признавање во православниот свет“. Речиси идентичен мал процент „немаат став“ за ова прашање.

Многу поголем е процентот на верници кои сметаат дека „МПЦ-ОА треба да биде прифатена во православниот свет“, таков одговор дале 95,9%.

Тој став на верниците произлегува од нивната перцепција дека МПЦ-ОА „е доследна на православната вера и нејзините учења и проповеди“. Така Црквата ја гледаат 77,1% од анкетираните.

Кога станува збор за прашањето: „Која е според Вас главната причина за непризнавањето на МПЦ-ОА?“, кај верниците има поделеност на ставовите, но гернералната оценкта е дека пречката е политичка, а не канонска.

33,4% од анкетираните сметаат дека причината е „политичка, поради противење на СПЦ“, а дополнителни 29,4% сметаат дека причината е „политичка, поради името на црквата“. Дека причинната е „канонска, поради црковни прашања“ одговориле само 6,3%. Интересно е дека една третина од анкетираните верници на МПЦ-ОА, „не знаат“ која е причината за непризнавањето на МПЦ-ОА од останатите православни цркви.

Она што е суштинско важно во овој процес е што вериците на МПЦ-ОА, немаат дилема дека крајната цел од признавањето на МПЦ-ОА треба да биде автокефалност.

На прашањето: „Според Вас, какво признавање треба да бара МПЦ-ОА?“, високи 74,4% одговориле „Автокефалност“, а само 10,3% сметаат дека треба да бара признавање како „автономна црква“. 15,3% верници „немаат“ став за ова прашање.

Но, од друга страна кај верниците на МПЦ-ОА постои поделена дилема „Дали Вселенската патријаршија ќе издаде Томос за автокефалност во скоро време?“. 32% анкетирани сметаат дека „Вселенската патријаршија наскоро ќе издаде Томос за автокефалност“, 33% сметаат дека „Вселенската патријаршија нема наскоро да издаде Томос за Автокефалност“, а 35% испитаници „Не знаат дали Вселенската патријаршија наскоро ќе издаде Томос за автокефалност“.

Во ова истражување на јавното мнислење, беше мерена и перцепцијата на верниците за тоа која од православните цркви и колку пријателски однос има кон МПЦ-ОА.

Во тој контекст споредбените анализи меѓу Вселенската Патријаршија и Руската Патријаршија покажуваат дека, верниците на МПЦ-ОА сметаат дека Руската Црква има поголема пријателска наколонетос кон МПЦ, отколку Вселенската патријаршија.

53,9% анкетирани верници сметаат дека Руската црква има „пријателски однос кон МПЦ-ОА“, 15,4% дека „нема пријателски однос“ . 30,7% пак, „не знаат“ каков однос има Руската црква кон МПЦ-ОА.

Во поглед на односот на Вселенската Патријаршија, верниците исто така имаат перцепција дека таа има „пријателски однос кон МПЦ-ОА“, таков став делат 41,5%, додека пак 17,1% испитаниците сметаат дека Вселенската патријаршија „нема пријателски однос“. Високи 41,4% „немаат“ став за одност на Вселенската патријаршија кон МПЦ-ОА.

Кога ќе се погледне спредбената перцепција на верниците во поглед на Српската и Бугарската црква, резултатите се речиси идентични. Верниците на МПЦ-ОА и за двете цркви имаат поголема  перцепција дека тие имаат повеќе непријателски, отколку пријателски однос.

Во поглед на Српската црква, само 29,1% анкетирани сметаат дека таа „има пријателски однос кон МПЦ-ОА“, а високи 42,4% сметаат дека „СПЦ нема пријателски однос кон МПЦ-ОА“. Воедно СПЦ е црква и со најголема недоверба кај верниците.

Верниците и на Бугарската црква не гледаат како црква со големо пријателство кон МПЦ-ОА. 22,1% анкетирани само одговориле дека „БПЦ има пријателски однос кон МПЦ-ОА, а 40,8% пак сметаат дека „БПЦ нема пријателски однос кон МПЦ-ОА.“

Во овој контекст ако се погледне профилот на испитаници по региони на живеење, ќе се види дека верниците на МПЦ-ОА, кои живеат во источиниот и југоисточниот регион на Македонија имаат поголема перцепција дека Бугарската црква е пријателски настроена кон Македонија. Исто и верниците од Полошкиот регион, кои пак сметаат дека СПЦ има пријателски однос кон МПЦ-ОА.

Во анкетата беше мерена и  перцепцијата за уште три цркви. Албанската, Грчката и Романската. ГПЦ е со перцепција за најмал позитивен однос кон МПЦ-ОА, со само 19,7%. Кај Албанската православна црква перцепцијата е поделена, а во поглед на Романската православна црква, најголемиот број анкетирани верници, или 49,3% „не знаат“ каков однос има оваа црква кон МПЦ-ОА.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено од „ИПИС“, „Религија.мк“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, е направено во ноември 2020 година. Беа вклучени 1015 испитаници од православна вероисповед, со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Ова е прво вакво специјализирано истражување, во кое учествуваа само испитаници кои се декларирале како православни верници, и е насловено како „Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *