Почетна Коментар Автокефалноста како берзантско-брокерска шпекулација
Автокефалноста како берзантско-брокерска шпекулација

Автокефалноста како берзантско-брокерска шпекулација

861
11

Еднаш, не многу одамна, кон крајот на деведесетите, се почна слично како и сега, за да заврши со најтешкиот удар врз полнотата и целовитоста на МПЦ-ОА во нејзината понова историја. Или, како што подоцна, еден од најистурените српски владици на македонските архиереи ќе им рече: „Ние како Јована баравме и чекавме човек 40 години“.

А, како почна се?

Младешки дух, енергија и себепромоција, завитката со голема доза на патриотизам, демострирање македонштина со удирање в гради и учество на партиски протести и митинзи на тогашната десничарска опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања станови од црквата за трето дете на секое православно семејство, патриотизам и издигање на црковниот на ниво на национален идентитет, медиумска доминација, авторитет, успешно менаџирање на својот висок интелект за наметнување во општеството како „свежата интелегентна крв“ на МПЦ… Кој заборавил, треба да се потсети. Така изгледаше Епископот кој почна со титулата Дремвитцки…

Подоцна ќе се испостави дека најголемиот проблем всушност е ветрот в грб што го добиваше од останатите собраќа, членови на Синодот на МПЦ-ОА, а некои од нив подоцна во приватни разговори ќе ми признаат дека само тогашниот Поглавар, Архиепископот г.г Михаил бил во право кога одбил да учествува во неговото ракополагање за владика. Реченицата: „Јоване, ниту со тебе почнува Христијанството, ниту со тебе ќе заврши“, за жал денеска е само некаде во архивите од записниците на седниците од Синодот на МПЦ-ОА. Се потоа е историја….

Нешто повеќе од 20 години подоцна, се наликува како на сцени од веќе виден филм.

Младешки дух, енергија, горделивост уште од моментот кога го зема жезолот в рака и ја стави митрата на глава, себепромоција, повторно завиткана со доза на голем патриотизам и македонштина, веќе нескриена и улога на некаков телошки советник за црковно-национални прашања на една опозициска партија, претставуван насекаде како како „врвен интелектуалец“, кој „одлично ги познава актуелните црковно-политички превирања“… Најмладиот владика во Синодот на МПЦ-ОА, кој стана митрополит мимо црковно-правните одредби за избор на епископ, оставајќи зад себе финансиски скандал во Скопската епархија и кој се уште се чува во некоја фиока, ја репризира идентичната улога на „оној што Црковен Белград со години го чекаше“.

Дали во сопствената историја МПЦ-ОА ќе запише нова страница за лик кој повторно одработил против интересите на сопствената црква и го саботирал процесот на признавање на нејзината автокефалност, во многу ќе зависи од тоа дали неговите собраќа архиери ја научиле лекцијата од, сега веќе одамна покојниот, Поглавар г.г. Михаил.

ОПАСНА ЗАМКА ОБЛАНДИРАНА ВО КВАЗИ ПАТРИОТИЗАМ

Но, што всушност сега се случува во МПЦ-ОА?

Тазе митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, Григориј, кој го замени сега пензионираниот Митрополит Јосиф, веќе извесно време заговара некаква нова црковна политика. Иако економист по образование, (важеше за брокерот на МПЦ) наметнува една чудна позиција, филувана со речник на виосока теологија, за да веројатно и додаде дополнителна вредност.

Кулминацијата е во последното негово интервју за дневниот весник „Вечер“, очигледно јасно наменски срочено, каде заговара една исклучително опасна замка во која треба да влезе МПЦ-ОА и од која веројатно никогаш во историјата нема да може да се ослободи.

Да бидам попрецизен. Отец Григориј се обидува да ја доведе во заблуда јавноста дека МПЦ-ОА греши што бара признавање на Автокефалноста од Вселенската патријаршија, па дури и цинично ги карактеризира постарите владици како „моќните дипломати“, притоа вешто користејќи обланда на патриотизам, заклучувајќи дека тоа ќе значи уривање на МПЦ, нејзино ставање во подредена позиција и секако главниот адут дека ќе го изгуби националниот македонски дух како црква на Македонскиот народ. За да ги поткрепи поубедително своите позиции, манипулативно на јавноста и сервира многу опасна теза, што обично голем дел од „фејзбукопатриотите“ сака да ја слушаат и особено да ја шират и споделуваат по интернет просторот, а тоа е дека СПЦ уште во 1959 година го изгубила правото врз Македонската православна црква.

Со други зборови, Григориј заговара МПЦ-ОА да си седи мирно и да си молчи се додека не се случи Вселенски Собор на сите православни цркви, бидејќи тоа е единствениот канонски пат за нејзината автокефалност.

МПЦ-ОА КАКО ЈАГНЕ ВО СТАДО ВОЛЦИ

Квази патриотизмот и неговата наводна македонштина што ја користи и се обидува да ја протне, всушност е во корист на национал-шовинистички интерес на некои од српските владици и исклучиво во служба на големоруските црковни интереси во православниот свет.

За да Ви биде појасно што Григориј заговара, присетете се на македонските евро-атлански интеграции. Патот до македонската автокефалност, што тој го заговара, треба да биде идентичен како македонскиот пат до членството во НАТО и во ЕУ. Замислете владика на МПЦ-ОА заговара процес во кој сака сопствената црква да ја втурне во вртлукот на соочување со вето, и тоа од секоја од 15-те автокефални цркви, кога ќе посакаат и како ќе посакаат. Тезата дека не Вселеската Патријаршија, ами Вселенски Собор со консензус на сите цркви е решението за МПЦ-ОА, е исто како да внесете јагне во стадо со волци.

Има ли некој во Македонија на кој не му е јасно дека давањето право на сите помесни цркви да одлучуваат за судбината на МПЦ-ОА е рамно на црковно самоубиство. Има ли некој во Македонија на кој не му е јасно дека во таков случај, почнувајќи од Српската, па преку Руската, се до Бугарската и Грчката, а можеби и Албанската, ќе бидат црквите кои ќе се редат со ставање вето се додека не ги задоволат свои црковно-национални интереси, за на крајот да биде понудено решение на некаква самостојност, како она што Руската црква го нуди во Украина и во случајот со Задграничната руска црква.

За да бидам појасен. Овој став за општ црковен консензус за доделување автокефалност е црковен интерес на Москва, која со години го заговара и поради тоа што не успева во тие намери, отвори сеправославен фронт и конфликт со Вселенската патријаршија. И ете нашиот „мудар“ владика за да му удоволи на тој интерес, сака сопствената црква да ја подари на тацна пред интересите на другите цркви.

Но, ајде по ред да разјасниме, за да нештата станат појасни.

ТОМОСОТ Е ИСКЛУЧИВО ПРАВО НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Владиката Григориј, во ова интервју многу конфузно ја коментира улогата на Вселенската патријаршија во православниот свет, за да како што спомав заклучи дека Томос за автокефалност може да се додели само на Вселенски собор, кој, сепак, според владиката, треба да е координиран од Цариградскиот патријарх.

Бидејќи во економијата немал лекција по црковна историја и канони, што е логично нели, еве да го потстам дека последна црква што добила автокефалност на Вселенски собор е Кипарската и тоа во 4-от век. Сите, ама буквално сите останати автокефалии на поновите цркви се дадени од Вселенската патријаршија, со некакво очекување да бидат признаени од некој иден собор, кој се очекува да се случи уште од 16-от век, кога е доделена и автокефалијата на Московската митрополија.

Ако се води МПЦ-ОА од позициите на овој владика и доколку се одлучи да чека Вселенски собор и консензус на сите помесни православни цркви за признавање на нејзината автокефалноста, се доаѓа до природниот заклучок дека МПЦ-ОА никогаш нема да добие автокефалност. По просто здравје.

Инку, да, Вселенскиот собор е врховното тело на Православната црква, но начинот на кој митрополитот зборува за него, како да е тој редовно свикуван во „федерацијата на независни цркви“ (како што очигледно ја доживува Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква), нема никаков допир со реалноста.

Како изгледа обид за свикување Вселенски Собор видовме во 2016 година во Крит. Помесните православни цркви не можат да се договорат да се соберат на еден заеднички собор, а не, пак, да одлучат за нечија автокефалност, и тоа консензуално! Впрочем, ваков став и исход на нештата застапуваат и владиците од СПЦ, знаејќи дека тоа води до сигурен опстој на МПЦ-ОА  под нивно црковно „ропство“.

КОЈ УДИРА ПО ДЕЛОТО НА АРХИЕПИСКОПОТ ДОСИТЕЈ?

Исто така, Григориј демострира и доста конфузност и во однос на правото на апелација на Вселенската Патријаршија. Тој не само што не бил сигурен дали МПЦ-ОА досега побарала апелација (иако тоа е толку јасно и е излезено како информација ширум православието, се знае дури и писмото упатено од Синод до Цариград), туку и тоа дека Цариград била погрешната адреса (бидејќи, наводно, Вселенската Патријаршија нема такво право да разгледува апелации), а тоа би претставувало дури и кршење на делото на првиот поглавар г. г. Доситеј!

Каква нелогичност и неинформираност! Доволно е само да ги отвори архивите, па да види колку писма и молби за апелација испратиле Доситеј и МПЦ до тогашниот Вселенски патријарх Атинагора за признавање на македонската автокефалност. Апсурдот на интервјуто оди дотаму што во предговорот стои дека „дипломатската офанзива за признавање на автокефалноста на МПЦ‒ОА е непотребна“ – со што практично се погазува и делото на Доситеј и на останатите автокефалисти.

Спротивно на ставовите на Григориј за местото и улогата на Вселенската Патријаршија, историските и канонските факти укажуваат на нешто сосема друго. Севкупната христијанската Црква преку Вселенските собори и дала привилегија на Вселенската Патријаршија во Константинопол да прифаќа еклитон (апелација), прибегнување и од други помесни Цркви. Ниедно барање на еклитон – прибегнување не може да се упати кон другите патријарси. Ова веќе го расчистија и многу сегашни теолози, а е потврдено и од прашањето на рускиот клир кон другите патријарси во 1663 година, дали Вселенската Патријаршија го има правото да суди случаеви на други помесни Цркви? Сите патријарси тогаш едногласно одговориле дека единствено Вселенската Патријаршија го има ова право, и САМО таа. Освен тоа, и црковната историја е полна со случаеви на апелационо прибегнување кон Вселенската Патријаршија од други помесни Цркви. Не постои до денес во историјата на Православната црква некој исклучок, којшто покажува дека некогаш било поднесено барање кон друг Претстојател, освен кон Вселенскиот Патријарх.

Ако во економските книги не пишува, во теолошките секако е запишано дека ваквото апелациско право на Константинополската Патријаршија, било усвоено на Четвртиот Вселенски Халкидонски собор, со 9, 18 и познатиот 28 канон, со кои тоа право и формално било утврдено, со што на Црквата во Константинопол и се дава „општо-вселенско“ значење. Оттогаш, доделувањето на автокефалија на една помесна Црква му припаѓа на јурисдикцијата и ингеренциите единствено на Вселенскиот Патријарх и на Цариградскиот Синод. Така, Вселенската Патријаршија е, всушност, Мајка Црква на сите новооформени помесни православни Цркви, вклучително и на Руската, Српската, Романската, Грчката, Бугарската, Грузиската, Албанската, Црквата на Чешка и Словачка, Полската и сега најново на Украинската.

МАНИПУЛАЦИЈА ЗА ЗАБЛУДИ

Во ова интервју Митрополитот Кумановски прави уште еден обид за манипулација, користејќи и лажни податоци. Ако не знае, треба да научи, ако знае пак, недолично е од позиција на владика да се шират манипулации кои треба да ја доведат во заблуда јавноста. СПЦ има дури две пресуди со кои се изопштуваат архиереите на МПЦ од 1967 и 2005 година, а има и одлука целиот верен народ на МПЦ да го стави во црковна изолација. Токму против овие две одлуки, кои (колку и да не му се допаѓа некому) до ден денеска се важечки за сите православни Цркви во светот, МПЦ поднесува барање за апелација до Вселенскиот патријарх, кој треба да ги поништи и да го врати македонскиот клир и народ во општење со сите, а подоцна ќе се регулира статусот на МПЦ и таа ќе го добие своето место помеѓу автокефалните православни цркви.

Во ова интервју многу манипулативно е претставена и реалноста во Украина. Прво, тој инсинуира дека Православната црква во Украина е деградирана од Архиепископија во Митрополија – а демек тоа ќе и се случи и на МПЦ – без да открие дека во Рускиот свет Митрополијата има повисок ранг од Архиепископијата.

Обид за заблуда има и по однос на таканаречениот Егзарх, за кој зборува Григориј. Како владика со титула Митрополит треба да знае дека таа титула (Егзарх) имала повеќе значења во историјата, но во секој случај таа означува пратеник на некој Патријарх, кој незадолжително е епископ. Чесно е да се каже, дека во моментов, егзархот на Вселенскиот патријарх во Киев (патем, роден и воспитан Украинец) не е ништо повеќе од метохијар, односно настојател на патријаршиската ставропигија во Киев и нема апсолутно никаква надлежност врз автокефалната Црква во Украина.

Многу е важно да знае јавноста, кога веќе не знае владиката, дека вакви егзарси/пратеници/метохијари има не само Вселенската патријаршија во Киев и Атина, туку и Антиохиската и Александриската имаат во Москва (вториот беше пред скоро време потеран оттаму), но и Ерусалимската патријаршија има метоси во Атина и Цариград! Има и Руската во Софија и Српската во Москва…

Така стојат работите.

Искуството во овие седум децении праведна борба на македонските автокефалисти, покажа дека тој столб и денеска е цврст благодарение токму само на „моќните диполмати“, како што чинично им се потсмева младиот владика. Како што за жал, покажа и дека „свежата крв“ се уште не успева да се носи достојно со нивното дело.

Пишува: Марјан Николовски  

Коментар(11)

  1. Ово се деси кад комуниста почне да прича о канонима. Ко има право апелације у Саборној Цркви не могу да се сложе ни највећи теолози данашњице,али зато комунистички новинар зна.

  2. До сега овој текст бележи 3 “лајк” и 54 “дислајк”;
    Марјан провери го системот на обработка на податоци , нешто ми е сомнително;
    Или некој нарачал публика за скандирање.

  3. Koj ima interes MPC-OA da ne e priznaena i prifatena od pravoslavnite crkvi?
    Zamislete ulica vo koja ima polno kuci,i zamislete edna kuca postojano da e napadjana od sosednite kuci,ni ograda ni porta,nezastitena.Ako sosedite se bez pretenzii kon dvorot na taa kuca,da se prosirat togash ke imaat zelba sopstvenikot na taa kuca da si napravi ograda,porta,kucata poleka ja renovira.Ako se so alcna zelba po tudjo se ke napravat da ne zastane na svoi noze sopstvenikot.Nashite sosedi ,drzavni ni pomagaat ili odmagaat vo utvrduvanjeto?

  4. Sakam da ve prasham Marjan Nikolovski -Koj trebashe da i dade blagoslov na Pravoslavnata ohridska arhiepiskopija vo Makedonija pod jurisdikcija na SPC za taa da stane avtokefalna MPC-OA?Dali bez blagoslov odnosno vo neposlushanie mozze da se dobie Bozzjata blagodat za avtokefalna crkva ili Bozzjata blagodat se dobiva vo poslushanie [duri iako istoto se ccini nepravedno]Neli visokosveshtenicite koi odbrale avtokefalnost bez blagoslov[ poslushanie ] uccat deka poslushanieto e najvazzno?Ili poneseni koj od shto[patriotizam,slavoljubie,idealizam]zaboravija shto e blagoslov i poslushanie.Mene crkovnava politika ne mi smeta da vodam crkoven zzivot no neka se zamislat visokosveshtenicite kolku se vsushnost duhovni na smetka na politikata.

    1. Olimpijada ,bidejki vie mi odgovorivte mesto tekstopisecot [vi blagodaram] kazzete mi ve molam kade isccezna komentarot na ccovekot shto mu otidov vo reply [neshto go prashuvav]Interesno tekstopisecot ne odgovara comentarot na prashaniot ccovek iscceznuva.Inaku Olimpijada ako MPC ima blagoslov nema potreba da angazzira ‘se i seshto’ da moli za avtokefalnost.

  5. Koj go namesti vladikata na toa intervju?
    Da e mal , ne e.
    Naiven… izgleda ke da e.
    A?

    P.S.
    za da se sfati tekstot na Marjan prvo treba intervjuto dobro da se prochita.

  6. На сите кои сме делот црквата Бог ни дал различни таленти ; но и во различна мера;
    Некому 5, на друг 3, а на трет -1 талант;
    Треба сите ние сами да си процениме колку таланти (и какви?) сме добиле на дар од Семилистивиот Бог , и согласно тие таланти и да зборуваме;
    Светата православна црква има забележано настан поврзан со големиот ум на православието- Свети Јован Златоуст.
    Еднаш кога имал гости, готвачот кој ја приготвувал храната и кој ги служел гостите, си дозволил да коментира работи пред гостите; Свети Јован Златоуст го прекорил со следниве зборови: секој да си ја гледа работата која му е дадено од Бога да ја врши.
    *
    Ако не е доволно јасно еве уште еден пример од општествениот живот:
    Во една болница има вработено персонал од разен профил: болничари, техничари, медицински сестри, лекари, лекари специјалисти…. па и меѓу лекарите има уште супспецијалисти, а има и лекари доктори на наука;
    Сите постигнуваат резултати согласно талантите дадени од Бога но и согласно вложениот личен труд;

    Во една болниц , сите ли имаат исто познавање на работите?
    На сите ли во болницата им е дадено и дозволено да коментираат одредени теми па и да учествуваат во донесувањето одлуки?

    Така е и во црквата која пак претставува болница за душата.
    *
    Ако некој не се идентификува со МПЦ , тоа е негово лично право ;
    Но тигаш не ја гледам причината да се “ шлае” по религиозни портали.

    1. Ako vashiot komentar se odnesuva i na mene…Vi blagodaram Olimpijada. Ako sum komentirala neshto shto smetate deka ne e moja kompetencija prostete mi ako ve nalutiv,no pogreshno e da sudite vrz osnova na toa koj so shto se identifikuva pa od tuka da sovetuvate shto da ccita.Samo ako ne go sudite blizzniot ,vistinata ke vi se otkrie.Bozzjata blagodat so vas da e.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *