Почетна Вера АХМЕТИ: Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта
АХМЕТИ: Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта

АХМЕТИ: Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта

130
0

jajacaЛидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка по повод Велигден до православните верници.

– Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската Унија за Интеграција и во мое лично име искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден со најискрени желби за благосостојба и добро здравје, наведува во честитката.

Во неа додава дека задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им ја посветувам и на дел од албанскиот верски мозаик, православните Албанци во Македонија и пошироко, оној мозаик кој со векови му служи на светот како пример на големите вредности на верскиот и духовен соживот на албанците.

– Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта. Годинава, сите ние се соочуваме со тешкотии, надминување кое зависи меѓу другото од разбирањето меѓу нас и од желбата да се има подобра иднина. Граѓаните заслужуваат надеж за подобар живот, стои во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *