Почетна Вести Грчкиот Архиепископ предупредува: Балканот ќе стане Буре барут ако бидат блокирани мигрантите
Грчкиот Архиепископ предупредува: Балканот ќе стане Буре барут ако бидат блокирани мигрантите

Грчкиот Архиепископ предупредува: Балканот ќе стане Буре барут ако бидат блокирани мигрантите

210
0

Европската Унија треба да преземе одговорност за бегалците. Архиепископот атински и на Грчката црква Јероним за време на посетата на Евангелистичката академија во Берлин, побарал засилен ангажман на Унијата и нејзинат одгворност во случајот со бегалската крза, што јка зафати Европа, а во која Грција и семјите од балканската рутра, Македонија, Србија, Хрватсака се најмногу погодени.

Спорд грчкиот Архиепископ, од сите држави Грција се наоѓа во двојна криза, од една страна се нејзините економски проблеми, а од друга страна е проблемот со миграцијата.

– Прашањето со бегалците е многу сложено. Тоа не се ограничува само со решавањето на непосредните потреба на мигрантите и нивната интеграција во друштвото на Европската Унија. Западниот свет е одговорен за настанувањето на проблемите со бегалците. Европа треба да стане свесна за оваа одговорност и да се потруди да ги отклони причините кои го предизвикале овој проблем. Во спротивно, проблемот ќе стане постојан и нема да може да се реши – објаснува Архиепикопот Јероним.

Според него, проблемот со мигрантите ја загрижува Грција, посебно кога гледаме дека европските земји дигаат ѕидови на своите граници како би го задржале напливот на мигрантите. При тоа, бегалците кои не можат или не сакаат да се вратат дома остануваат токму на Балканот.

Доколку не бидат направени услови за престој на бегалците во нивната татковина, голем дел од нив ќе бидат блокирани на Балканот. Затоа, Балканот ќе се претвори во Буре барут – предупредува поглаварот на Грчката црква.

Оние што ја предизвикале кризата, како што вели Архиепископот Јероним, треба и да се борат со неа.

– Проблемот е повеќеслоен и може да биде решен во соработка со државата, црквите и со сите заинтересирани страни. Потребна е меѓународна соработка за да бегалците можат да останат во земјите во кои се родиле – додал поглаварот.

Според него, Европа треба да стане сојуз на меѓусебна помош и заеднички вредности, а не коалиција на богатите држави.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *