ФРАНЦИСК: Европа не може ширум да ги отвори вратите за мигрантите

Date:

Share post:

Francisk vatikanЕвропа треба да ги интегрира мигрантите кои пристигнуваат на нејзина територија, но не и „широко да ја отвора вратата на ирационален начин“, изјави патата Франциско во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“.

Прашан дали Европа може да прими толку голем број мигранти тој одговара дека „тоа е вистинското прашање, бидејќи не може да се отвори широко вратата на ирационален начин“.

Папата нагласува дека основно прашање е зошто има толку мигранти и дека иницијални проблеми се војните на Блискиот Исток и во Африка, како и слабиот развој на африканскиот континент, што доведува до глад.

– Треба да се интегрираат, најлошо е да се гетоизираат, смета поглаварот на Римокатоличката црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img