Руската црква бара свештениците да се заколнуваат дека нема да објавуваат спорни содржини на социјалните мрежи

Date:

Share post:

Свештениците и ѓаконите во Руската православна црква при ракополагањето ќе се обврзуваат дека нема јавно да зборуваат во име на Црквата без благослов од црковните власти, ниту преку медиумите и социјалните мрежи ќе објавуваат содржини што ја дискредитираат Црквата или го искривуваат нејзиното учење.

ФОТО? Романска Православна Црква

Светиот синод на Руската православна црква на седницата од 22 октомври ги одобри измените на заклетвата што ја даваат кандидатите за свештенички и ѓаконски чин. Со нив се воведуваат нови обврски за јавната комуникација во дигиталниот простор.

Во изменетиот текст се наведува дека свештенослужителите нема да смеат да даваат јавни изјави во име на Црквата без благослов од црковните власти, да објавуваат содржини што ја дискредитираат Православната црква или го искривуваат нејзиното учење, ниту да ги користат интернет-платформите за лична корист.

Измените не значат забрана за користење на социјалните мрежи, туку поставуваат правила за содржината и целта на јавните настапи на свештенството.

Синодот одобри и унифицирани обрасци за проверка на кандидатите за ракополагање, во кои е вклучена обврска да не објавуваат антиепископски и расколнички ставови што ја дискредитираат Црквата или го искривуваат нејзиниот дух и поглед на светот.

Новите документи ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница на Руската православна црква и доставени до епархиите.

Прашањето за присуството на свештенството на социјалните мрежи беше разгледувано и на октомвриската седница на Светиот синод на Грчката православна црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img