Бугарскиот патријарх Даниил испрати сочувство до Ерусалимскиот патријарх по нападот врз православниот храм во Јордан

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Даниил го осуди терористичкиот напад врз црквата „Свети Ѓорѓи“ во Хамуд, Јордан, во кој загинаа девет лица, а 25 беа повредени. Во писмото до Ерусалимскиот патријарх Теофил III, тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и молитвена поддршка за повредените.

Во писмото, патријархот Даниил изразува длабока тага поради нападот врз верниците кои се собрале на опело, посочувајќи дека особено трагично е тоа што луѓе кои дошле да испратат свој близок со молитва и надеж во воскресението, самите станале жртви на насилство.

„Изразуваме до Вашето Блаженство, до ожалостените семејства и до целото богољубиво паство на Ерусалимската црква наше најискрено сочувство“, се наведува во писмото на бугарскиот патријарх.

Даниил истакнува дека трагедијата е болка за сите христијани, како членови на едното Тело Христово, и упатува молитви за упокојување на душите на загинатите, исцелување на повредените и утеха за нивните семејства.

Бугарскиот патријарх решително го осудува нападот, како и секое посегнување врз човечкиот живот и светоста на Божјите храмови. Истовремено, повикува на прекин на насилството и зачувување на мирот и меѓусебното почитување.

Во писмото, Даниил ја нагласува и поддршката за пастирската служба на Ерусалимската патријаршија и нејзините напори за зајакнување на верниците и зачувување на христијанското присуство во Светата земја.

„Воскреснатиот Спасител, Кој ја победи смртта, да им дарува вечен покој на загинатите, утеха на нажалените и мир на Јордан и на целиот многустрадален Блиски Исток“, се вели во завршницата на писмото потпишано од патријархот Даниил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img