„Вечер“: Средбата на Георгиј со Вартоломеј ја отвора дилемата за обновување на црковните контакти

Date:

Share post:

Средбата на дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим отвора прашања за можноста за обновување на контактите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Вселенската патријаршија, кои подолг период се во застој во однос на прашањето за томосот за автокефалност. Ова е главната дилема што ја отвора анализата објавена во дневниот весник „Вечер“.

Весникот поставува прашање дали станува збор за случајна средба на двајцата црковни достоинственици за време на нивниот престој во италијанската престолнина или, пак, за настан што може да навести нова фаза во меѓуцрковните контакти.

„Случајна средба по која односите и натаму ќе останат исти или, пак, вовед за обновување меѓуцрковни контакти кои речиси четири години стојат во место во однос на прашањето на добивањето на томосот за автокефалност?“, пишува „Вечер“.

Средбата се случи во рамките на престојот на митрополитот Георгиј во Рим, каде што тој во базиликата „Свети Петар“ отслужи молебен во чест на Свети Еразмо Охридски. Во исто време, Вселенскиот патријарх Вартоломеј престојуваше во Рим, каде што му беше доделен почесен докторат по теологија на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“.

Според анализата на „Вечер“, фактот што двајцата црковни поглавари се нашле на истиот настан ја отвора дилемата дали средбата била однапред договорена или се случила спонтано. Весникот потсетува и дека митрополитот Георгиј претходно бил македонски амбасадор во Ватикан.

Августовските посети на Партениј како можен навестувач

Како еден од елементите што ја поттикнуваат претпоставката за можно обновување на контактите, „Вечер“ ги посочува двете августовски посети на епископот Антаниски Партениј, викарен епископ на митрополитот Георгиј, на Света Гора и на Имврос, остров во Турција под јурисдикција на Вселенската патријаршија.

Според анализата, двете посети го имале благословот на митрополитот Георгиј и на патријархот Вартоломеј, што уште тогаш ги поттикнало очекувањата дека би можеле да следуваат и други контакти.

„Вечер“ оценува дека по период во кој комуникацијата со Вселенската патријаршија се одржувала речиси исклучиво преку епископот Партениј, сега во неа се вклучува и митрополитот Георгиј. Весникот го опишува како архиереј кој ужива доверба кај архиепископот Стефан.

Сепак, засега нема потврда дека средбата во Рим била однапред договорена со цел отворање преговори или дека по неа е договорен конкретен дипломатски чекор меѓу двете цркви.

Целата анализа на Вечер Прес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img