Парохискиот свештеник на МПЦО „Света Петка“ во Дизелдорф, отец Трајче Грозданов, е произведен во чин протоереј.
Одлуката ја донел митрополитот Европски Пимен, кој на 6 септември ја посети македонската православна заедница во Дизелдорф и служеше со верниците во храмот „Света Петка“.
Одликувањето, како што е наведено, претставува признание за досегашното свештеничко служење на отец Трајче Грозданов, неговата пастирска грижа и посветеноста кон Црквата и верниот народ.
За време на посетата, митрополитот Пимен пред верниците одржа и духовно слово, во кое говореше за значењето на верата, молитвата, Христовата љубов и црковното единство.
Верниците го примија архипастирскиот благослов на митрополитот, а од МПЦО „Света Петка“ упатија честитки до новиот протоереј Трајче Грозданов и молитви за неговото понатамошно свештеничко служење.

