Митрополитот Петар служеше во Трескавец за Успение на Пресвета Богородица, монах Калист ракоположен во јероѓакон

Date:

Share post:

Со света Божествена Литургија во древниот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, кај Прилеп, беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица.

Литургијата на 28 август ја отслужи митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со епископот Хераклејски г. Климент.

Особено значаен момент од празничната богослужба беше ракополагањето на монахот Калист во јероѓаконски чин. Митрополитот Петар го ракоположи пред светиот олтар, повикувајќи ја врз него благодатта на Светиот Дух за достојно и ревносно служење во Црквата.

Во своето празнично слово, од Преспанско-пелагониската епархија потсетуваат на значењето на празникот и на христијанската вера во воскресението и вечниот живот.

„Празникот на Успението нè потсетува дека за оние кои живеат во Христа смртта не е крај, туку премин од минливиот кон вечниот живот“, се наведува во епархиското известување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img