Македонската православна црква доби нов свештеник на празникот Рождество на свети Јован Крстител – Иванден.
За време на светата архиерејска литургија во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во скопската населба Бутел, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го ракоположи ѓаконот Александар Брајановски во свештенички чин.
На литургијата, на која сослужуваше митрополитот Австралиско-новозеландски Никола, во чин чтец беше ракопроизведен и Матеј Петковски.
Архиерејската литургија беше отслужена на денот кога Македонската православна црква го прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован – Иванден.

