Копијата на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица, која од манастирот Хиладар на Света Гора беше донесена во Штип, е дар на семејството Мијалкови. Информациите на Религија.мк, велат дека браќата Сашо и Влатко Мијалкови го коодинирале процесот на изработка и транспорт од Света Гора до Штип на оваа значајана православна реликвија.
Иконата на Пресвета Богородица Троеручица, пред која можеа да се поклонат голем број верници, трајно ќе остане во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Ново Село, Штип. Овој храм истот така е изграден со ктиторство на семејството Мијалкови.
Иконата ја донесе архимандритот Методиј од Хиландарската обител на 6 јуни 2026 година, во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Иконата беше пречекана од надлежниот архијереј, митрополитот Брегалнички Иларион и од митрополитите Григориј и Никола, свештенослужители и монаси од Брегалничката епархија, а на фотографиите се гледаат и донаторите Мијалкови.
Од соборниот храм „Св. Николај“ со литија иконата беше однесена во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Ново Село, Штип, каде што беше отслужен Молебен канон и Акатист кон Пресвета Богородица.

