Владиката Тимотеј од Ерусалимската патријаршија беше во посета и на Дебарско-кичевската епархија.
Покрај посети на значајни манастири и цркви, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид служел и литургија со домаќинот митрополитот Георгиј и со митрополитот Наум.
Митрополитот Востронски Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, е на поклоничко патрување во Македонија, каде ја посети Скопската, Струмичката и Дебарско-кичевската епархија.

