Фудбалерот на ПСЖ, Квича Кварацкелија, го посвети својот гол на блаженоупокоениот Патријарх на Грузија, Илија

Date:

Share post:

Покрај убедливата победа (0-3) на натпреварot во Лондон меѓу Челси и Пари Сен Жермен, во рамките на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, натпреварот беше обележан и со силна емоција по повод упокојувањето на Патријархот на Грузија, блаженоупокоениот Илија.

Грузискиот репрезентативец и ѕвезда на францускиот тим, Квича Кварацкелија, веднаш по постигнатиот гол го прослави моментот со подигнати раце кон небото и правење на крстен знак. Со тоа, тој симболично го посвети погодокот на духовниот пастир на Грузија.

По натпреварот, Кварацкелија – кој беше прогласен за играч на натпреварот – се осврна на својот гест. Најпрво им се извини на своите сонародници што при прославата накратко се лизнал на колена, а потоа со длабока емоција зборуваше за починатиот Патријарх, нагласувајќи дека неговата загуба е тешка за целиот грузиски народ.

/crkovenzurnal.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img