Руските медиуми пренесуваат дека 46 годишна Русинка отпишана од лекарите преживеала откако ја посетила црквата на Св.Апостоли Петар и Павле во предградието Лог во Вологоградската област, каде вече неколку години тече крв, или како што се нарекува црковно- крвоточи икона на Пресвета Богородица.
Тоа е едно од низата чуда за кои верниците и црквата веруваат дека се случиле
46 – годишната жителка на Волгоград Наталија, била испишана од болница со фатална дијагноза. Таа имала рак на желудник во 4 стадиум. Но жената и покрај тоа инсистирала на хируршка интервенција. Сепак, како што ја предупредиле докторите, после операцијата ракот почнал да прогресира. После операцијата ѝ крвавеле шевовите, а Наталија ја мачеле ужасни болки. Ја отпуштиле дома зашто биле сигурни дека набрзо ќе умре.
Во една прилика нејзината ќерка влегла во храмот за да се помоли за Господ да ѝ ги намали болките на нејзината мајка. Тука ѝ раскажале за чудотворната крвоточива икона на Пресвета Богородица во предградието Лог. И ќерката на Наталија се упатила кон таа икона. Од храмот во Лог таа ѝ донела на својата мајка малечка литографија.
Наталија ја положила иконата на најболната точка – шевовите. Преврската на нив била сосема позеленета, па наскоро и иконата станала иста боја со завоите, така што дури и ликот на Богородица тешко се распознавал, пишуваат руските медиуми
„Си помислив дека направив страшен грев со тоа што ја извалкав иконата. Се обидов да го измијам зеленото од еден агол, безуспешно“, си спомнува Наталија. „Само ја оштетив иконата. Ноќта ја положив на масата покрај мојот кревет. Утрото доживеав шок – од исчистената икона кон мене гледаше Богородица… отпрвин помислив, некој ми ја сменил иконата, но малите дамки на местата каде што се обидов да ја тргнам бојата и оштетувањата, ми зборуваа дека станува збор за истата икона. И јас поверував дека ова е добар знак и дека ќе се излечам. А по неколку дена зетот од пазар ми донесе зеленчук, завиткан во стар весник. А во весникот, текст за еден источник на света вода. И јас сум уверена дека со тоа Богородица ми го покажа патот“, раскажала ќерката на Наталија за медиумите.
Два месеци болната жена поминала покрај источникот. За тоа време многу претрпела, но една искрена надеж ја поддржувала и ѝ давала сили. Од тогаш почнало постепеното заздравување. Кога по половина година Наталија се вратила во клиниката за испитување, докторите просто не можеле да поверуваат дека такво нешто е можно. Но двете дијагнози на лекарите, издадени во интервал од неколку месеци, потврдуваат дека се случило чудо.

