Почетна Вести Сестрите на Мајка Тереза нема да го напуштат Јемен
Сестрите на Мајка Тереза нема да го напуштат Јемен

Сестрите на Мајка Тереза нема да го напуштат Јемен

85
0

Сестрите од движењето кое го основа Мајка Тереза категорични дека нема да ја напуштат мисијата што им ја трасираше големата хуманитарка и ќе останат во Јемен и покрај неодамнешниот терористички напад во кој загинаа 16 лица, меѓу кои четири чесни сестри.

Во соопштението кое го пренесуваат агенциите, Мисионерките на љубовта потенцирале дека и после крвопролевањето во Јемен нема да ја напуштат својата работа во таа земја, туку ќе продолжат да служат на сиромашните и оние во потреба, потсетувајќи дека Мајка Тереза секогаш била во најоддалечените делови на светот, независно од околностите во тоа место.

Убиените монахињи во нападот беа од Конгрегацијата Мисионерки на љубовта.

Поддршка на монашкиот ред, кој во Калкута го создаде Мајка Тереза дадоа и околу 180 бискупи кои беа дел од генералното собрание на Индиската бискупска конференција.

Овие брутални напади од злобните умови над христијанските мисионери нема да го обесхрабрат нашето залагање во служењето на сиромашните и болните, истакнале бискупите на конференцијата.

Освен тоа, бискупите изразиле надеж за брзо ослободување на индискиот салезијанец отец Тома Узуналил, кој е киднапиран и се уште е во рацете на терористите кои го извршија крвопролевањето.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *