Тазата за Крвавиот Божик, или „Крвавото Коледе“, како што ја наметнуваат бугарсите историчари, настан што наводно се случил 1945 година во Македонија, и годинава ја разбранува бугарската јавност. Повод беше поставување на спомен плоча за овој настан во Софија, на Питротска, каде се наоѓа седиштето на ВМРО БНД. Со спомен плочата се сликала и една поранешна пратеничка Елисавета Белобрадова, од Промените продолжуваат, опозициска партија во Бугарија
На тој чин реагираше еминентниот бугарски историчар, Чавдар Маринов. еминентен бугарски историчар. Маринов тврди дека таков настан не памети историјата. Еве што тој и одговори на Белобрадова.
Бидејќи и разумни луѓе ја имаат „лајкнато“ уште една глупост на женската секција на ВМРО во ДБ, да појасниме уште еднаш дека станува збор за груба мистификација. Ништо посебно не се случило баш на Божиќ 1945 година, па затоа и никаков настана како „крвавиот Божиќ“ не е „запамтено од локалното население“. На бугарски јазик постои и цела книга со таков наслов (В. Ангелов, 2003 г.), во која нема ниту еден категоричен доказ за „крвавиот Божиќ“.
Она што навистина се случува за Божиќ се војнички бунтови во Скопје и Штип: војниците не сакаат да бидат испратени на Сремскиот фронт (каде што навистина загинуваат најмногу Македонци за време на Втората светска војна), туку – забележете – сакаат кон Солун! Значи, во овој случај имаме сосема веројатна македонска националистичка реакција – барање за „Голема Македонија“, заедно со „егејскиот“ дел: македонскиот национализам веќе е целосно оформен во претходните години.
Но, бидејќи склеротични бугарски автори како публицистот Коста Црнушанов и псевдоисторичарот Димитар Гоцев гледаат сè што не е пројугословенско како пробугарско, и овие бунтови се фабрикувани во таква насока. Притоа, и покрај инсинуациите на овие автори за десетици, па дури и стотици убиени за време на бунтовите, такви всушност нема.
Подоцна, кон средината на месецот, навистина има масовни убиства, при што најзначајното се случува во Велес (53 лица), приближно толку и во Куманово, а значително помалку на други места. Жртвите се делумно Бугари, делумно – не сосема. Некои од нив се огрешиле со ужасни злосторства за време на бугарската власт (вклучително и озлогласеното сечење партизански глави) – што, секако, не го оправдува нивното брутално убивање.
Но како се стигнува до бројката од 1200 е мистерија. А се тврди и дека во Охридското Езеро биле фрлени телата на 23.000 Бугари – односно, отприлика два Охрида биле истребени, без никој да има спомен за тоа! На фонот на овие илјадници „непознати“ во буквална смисла, а и неутврдени од какво било колку-толку професионално истражување, бројката традиционално се „надувува“ со додавање македонски националисти, поранешни учесници во борбата против бугарската власт, кои биле репресирани малку подоцна. Тие исто така ретроактивно се прогласени од нашите квази-историчари за Бугари (на пример Методи Андонов – Ченто). И ете ти на крај „крвавиот Божиќ“, заедно со летечката дебилка и слично.
Разбирам дека сè што ги разобличува „злосторствата на комунизмот“ е ОК, особено ако е насочено против „скопските“, а уште повеќе ако е со учество на омилен граѓански активист и политичар – тогаш задоволството е целосно! Но, ајде малку трезвено размислување и самокритичност – бидејќи инаку многу се нервираме од „скопските фалсификации на историјата“…, напиша бугарскиот историчар, Маринов.
Белобрадова, пак напиша дека во јануари 1945 година, во тогашна Титова Југославија, започнува серија репресии против луѓе со бугарско самосознание.
-Без суд, илјадници луѓе се убиени поради тоа што се изјаснувале како Бугари. Под ударот на власта се најдоа јавни личности, учители, свештеници, обични граѓани, како и лица само осомничени за бугарска идентитетска припадност. Насилството започнува на 7 јануари – Божиќ по стар стил. Според бугарски податоци, околу 1200 лица се убиени, а илјадници други се иселени, прогонувани или испратени во логори. Целта е бришење на бугарското самосознание и забрзување на процесот на македонизација. Убиства има во Скопје, Велес, Куманово, Битола, Штип, Прилеп, Охридско и Преспанско. Телата на жртвите биле закопувани во близина на цркви или фрлани во Преспанското Езеро. Им благодарам на сите кои денес дојдоа да ја оддадат почитта на убиените Бугари, напиша Белобрадова.
Плочата беше поставена од иницијативен комитет на црквата „Свети Николај Софиски“ на улица „Пиротска“.


Тогаш пуштете ги нека се удават во својата бугарска крв. Задоволството е наше.