Свештеникот на МПЦ-ОА од Преспанско-пелагониската епархија, Стефан Здравевски ги прогласи за ѓавослака работа и антихристијански реформите во дигитализацијата што ги најави владата. Здравевски, кој е познат во јавноста по своите теории на заговори, го нападна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој пред некој ден најави дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и оти таа ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.
Свештеникот на МПЦ-ОА апелира таквата апликација да не се инсталира бидејќи на тој начин граѓаните ќе влезат во стапицата на Антихристот.
-Немојте ни случајно да сте ја инсталирале, затоа што со инсталирањето на оваа апликација со едната нога веќе влегувате во стапицата на Антихристот. За потоа полесно да влезете и со другата нога односно со цела душа во пеколот со Ѓаволот, кога сите тие документи ќе преминат од телефон во чип, кој ќе ви биде ставен под кожата. Секако со оправдание дека на тој начин ќе нема можност да ги изгубите. Но џабе ќе ви ѐ сето тоа кога веќе сте ја загубиле дишата, А ДУШАТА Ѐ ЕДИНСТВЕНАТА НАША ВИСТИНСКА И ТРАЈНА СОПСТВЕНОСТ, СЕ ДРУГО Е ПРОЛАЗНО И БЕЗВРЕДНО, ОТИ СО СМРТТА СЕТО ТОА ПРОПАЃА САМО ДУШАТА ОСТАНУВА. А каде ќе оди душата кај оној на кого му се поклонил и му служела.
Времето е блиску, уште малку, многу малку останува до крајот. “Кој ќе истрае до крај ќе биде спасен”! Господ Бог да ни ѐ напомош!, напиша Здравевски на Фејсбук.


Срамота од ‘медиумите’ (ѕирнете што учи спиритизмот за медиуми, и што појаснува св. Нектариј Оптински за спиритизмот) што веднаш го означува како теоретичар на заговор секој човек што предупредува, поучува за Откровението, за жигосувањето на човештвото, за второто Христово доаѓање. И го обележува секој човек што ќе спомне антихрист, бидејќи човештвото не смее да има свест за него. Тоа потврдува дека ‘медиумите се под контрола на антихристот.
Отец Стефан секогаш ги претставува работите во една есхатолошка перспектива која не му е баш најблиска на модерниот човек. Но, не е далеку од вистината. Нелагодностите на лагодниот дигитален живот се кријат во неочекуваните стапици на “регулаторите” на неговиот непречен тек, кои сепак се живи луѓе, и тоа релативно невидливи за општеството. Знаете ли на пример за волшебното исчезнување на дигиталните договори за вработување коишто вработените новодојдени мигранти чиј работен однос бил регулиран единствено во таа форма ненадејно ги оставаат на улица, без никакво покритие поврзано со работното место коешто мислеле дека го имаат? Особено ако работеле во странска земја, чиј моќен работодавец ги поттикнал своите адвокатски тимови (во тесна соработка со надлежните власти) да активираат таква шема заради одбегнување на обврските од веќе фиктивизираниот договор, шема со која на неколку месеци /или кога ќе посакаат/ ги менуваат вработените за извесни позиции, со што одбегнуваат и давачки кон државата и исплаќање барем на последната плата, или на задолжителните бонуси, а и кратење на претходните плати под разни изговори? Кога отпуштениот мигрант ќе побара заштита од надлежната институција ќе му изразат жалење со објаснување дека договорот не се смета за целосно официјализиран, со оглед дека постоела само дигитална форма којашто на барање на работодавецот системот автоматски ја терминирал. Како не е ѓавол? Во некои земји со престанокот на работниот однос мигрантот мора да ја напушти земјата со првиот лет (закупил стан, платил една кирија однапред, треба да го испочитува договорот за закуп, да ги плати и сметките за тековниот месец однапред, а веќе потрошил многу за задолжителното приватно здравствено осигурување како услов за аплицирање за работа во странска земја…, можеби и платил масно за воопшто да влезе во ветената земја – човекот е во кал до гуша!). Останал подолго од туристички дозволениот период за престој, а не постои официјална основа врз која би му била издадена потврда за дозволени пречекорување, дури и да се работи за неколку дена. Овие нешта за жал се дел од секојдневието. Да не зборуваме за софтверите (дури и оние со долга традиција) коишто повеќе не се продаваат со целоживотна дозвола за користење, туку со месечна, шестмесечна или годишна наплата на нивните сервиси! Не сите, но на пример Adobe мазно ви одзема 60€ месечна рата за следниот месец пред назначениот датум (иако не сте се согласиле да продолжите со услугите) и едноставно ви се извинува за недоразбирањето без да ви ги врати парите доколку сте решиле да не го обновите избраниот план/договорот. Или, дигиталниот систем на аеродромот во странската земја има информација (по допрен глас?), дека сте ја изгубиле својата работна дозвола или дури и пасошот, па настојува да ве депортира со забрана за повторно влегување?! Вие мафтате со своите документ, ништо немате изгубено, се’ е тука, во вашиот физички паричник, но тие го праќаат вашиот случај на суд, немате право да влезете повторно во земјата додека не ве известат за нивната одлука откако ќе истражат (а што ако сте во работен однос, што ако вашиот работодавец едноставно ве замени со друг работник во меѓувреме? – колку посложено сето тоа ќе биде ако воопшто немате физички документ што би го предочиле!). Земјите со огромен прилив на странска работна сила се соочуваат со притаен, но многу силен отпор кај домицилното население и кај администрацијата, која прави разни ујдурми за да ги елиминира странските работници од домашниот пазар на труд. Генерално, на работодавците и на владата тоа не им се допаѓа, односно странски работници им требаат, но тие не можат да го контролираат отпорот на администрацијата во пракса. Претпазливоста на Македонците во Македонија во оваа смисла би била насочена кон можни манипулации со оглед дека корупцијата и непотизмот можат исто така да се модернизираат/дигитализираат. Само што, одбраната на малиот голорак човек ќе биде многу послаба во услови на отсуство на физички документи, кеш итн. Секако, проектот во сегашната форма не е загрозувачки, но глобалното тежнеење за тотална дигитализација на администрацијата е по дефиниција огромна и страшна стапица. Денес имаме официјални податоци дека безмалку сите своевремено наречени теории на заговор (од поново време) имале мошне вистинита и оправдана основаност. Тој фамозен поткожен чип за кој веќе стотина години предупредуваат Светиите на нашето време дигиталната писменост на просечниот современ човек во констелација со развојот и оприсутнувањето на вештачката интелигенција реално го гледа како непожелна закана. Секому е јасно дека скриената контрола и управување со човековата волја, здравје, дејствителност итн. би биле лесно изводливи и дозата на влијанија не докрај транспарентна во ситуација на воведување на таква алатка на контрола на населението. Свештениците се тука за да ни ја одржуваат будноста, меѓу другото, можеби нема да не’ уплаши нивниот крик, но вреди да се размисли зошто е толку силен и длабок.