СПЦ се реорганизира – Пахомије ќе стане Митрополит?

Date:

Share post:

Соборот на СПЦ на последното заседание овој мај разгледувал уставни одредби во делот на црковната органзација и според одлуките значително ќе биде зголемен бројот на митрополити. Српските медкиуми веќе објавија дека митрополитска титула може да понесе и актуелниот епископ Врајнски, Пахомије.

Во официјалното соопштение од Соборот на СПЦ пишува дека се занимавал со измени и дополнувања на одредбите од Уставот на СПЦ кои се однесуваат на титулирањето на епархиските архијереи, но не се прецизира за што конкретно се работи.

Сепак дека станува збор за подигнивање на повеќе актуелни епископски титули во чин на митрополити, потврдува Зворничко-тузланската епархија. Епископот Фотиј во текст напиша дека неговата нова титула ќе биде Архиепископ и митрополит зворничко-тузлански.

Во дел од црковната јавност се споменуваат промени на 10 до 15 нови титули на митрополити. Нова.рс, повикувајќи се на анонимни извори од СПЦ објави дека спорно во одлуката за еден дел од архијереите било тоа што нема јасни критериуми по кои епархиите би постанале митрополии.

Токму тоа е и причината за острите реакции во српската јавност за веројатноста дека Пахомије ќе добие црковно унапредување, иако е еден од владиците на СПЦ со најголемо скандалозно досие. Против него со години се водеше судска постапка за сексуално злоставување на три малолетни момчиња и за еден полнолетен.

Четирите момчиња во 2002 година го обвинија Пахомије за сексуално злоставување во период од 1999 до 2002 година во неговите службени простории во Врањската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img