Расте притисокот врз МПЦ-ОА да се откаже од Томос за автокефaлност

Date:

Share post:

„Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, коешто одведе кон понатамошен развој, меѓуправославни нешта, не секокаш канонски“.Ова е дел од беседата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, искажана на чествувањето на неговиот именден пред присутните гости од помесните православни цркви, меѓу нив и од МПЦ-ОА.

Кој е контекстот и на што конкретно мисли Вселенскиот патријарх со оваа изјава, нема дополнително објаснување. Едно е јасно, а тоа е дека ова е прв пат Вартоломеј да зборува со скепса и критички кон развојот на настаните кои се случуваа изминатава година по 5 мај.

Кој е тој понатамошен развој во интерправославните односи, што не секогаш е канонски? Познавачите на состојбите велат дека самиот факт што Вартоломеј во своите јавни настапи е умерен и одмерен, ова треба да се чита како сериозна порака. Дополнително причините за „загриженоста што ја искажува“ треба да се бара во контекстот на односите кои се случуваа овој период на релација Москва-Белград-Скопје. Вартоломеј минатата година, и покрај потегот на СПЦ да издаде Томос, сепак го поздарави чинот на помирување на МПЦ-ОА и СПЦ, а со тоа и согласноста на СПЦ за автокефалност во Македонија, очекувајќи дека работите ќе продолжат во правец на финиширање на разговорите за добивање на конечниот, канонски, Томос за автокефалност.

Но, во меѓувреме некои односи и релации веројатно беа променети, а од денешна перпектива се појасно станува дека МПЦ-ОА е под силен притисок на Црковна Москва да се откаже од Томос на Вселенската патријаршиј и да се престрои во редот православни цркви кои ќе бидат под влијание на Руската црква, како што во моментов се Бугарската и Српската.

Како дел од таа форма на притисок е и онаа иницијатива за поптишување на некаква декларација со која наводно се штити името и автокефалноста на МПЦ-ОА, а во основа таа декларација е токму во насока да спречи Томос од Вселенската патријаршија, или пак да се натера МПЦ-ОА да одбие таков Томос, што сосема сигурно ќе значи нова излоација и дефинитивно претворање на МПЦ-ОА во сателит црква на Москва.

Ако ги следите настаните ќе забележите дека „Босот“ на таа политичка партија пред неколку дена се пофали дека предал 50,000 декларации и за тоа добил потврда од Владиката Петар, кој веќе не крие дека е против какви било други релации на МПЦ-ОА освен со Црковна Москва.

Два дена подоцна истата таа политичка партија јавно му се закани на Архиепископот г.г. Стефан, откако тој испрати писмо-честитка до Вартоломеј, во кое вели дека: „Трпеливо го очекува Томосот за автокефалност“. Еден ден подоцна во ненадејна посеета на Архиепископијата беше Васијан Змеев, шефот на руското црковно Подворје од Софија. Од вчера пак, истата политичка групација, најави организација на протести пред Соборниот Храм.

Целта е иста, спречување Томос од Вселенската Патријаршија, актерите се исти проруските инсталации во и околу МПЦ-ОА, а притисокот е директно насочен кон Архиепископот г.г. Стефан, кој досега успева да балансира и покрај се појасниот притисок врз него и да опстојува на црковниот интерес за конечно признавање на Автокефалноста по канонски ред.

Токму тука треба да се лоцира и суштинската порака од оваа кратка изјава на Вартоломеј. Вселенската Патријаршија не бара МПЦ-ОА  да се престрои во некаков блок против Москва, туку Москва бара МПЦ-ОА, да се престрои во блок против Фанар. Вартоломеј не бара МПЦ-ОА, да не сослужува со други цркви и со Москва, напротив бара да се почитува вековниот канонски ред. Кирил бара МПЦ-ОА да се самоизолира.

1 COMMENT

  1. СПЦ и РПЦ ја признаа МПЦ! И сега Уредникот вика дека истите тие, барале, МПЦ да се откаже од признавање! Која контрадикторност! Аргументите сами по себе се контрадикторни! Они биле лоши, а Цариград добар? Па што не издаде Томос , Цариград, за МПЦ , исто како и за ПЦУ во 2016?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бесплатни верски календарчиња за Македонците во Албанија од МПЦ

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 година, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република...

Митрополитот Киевски: Нашата Црква надмина многу предизвици

Третиот форум на воени капелани на Православната Црква на Украина денес официјално беше отворен во просториите на Киевската...

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, со благослов на Митрополитот Георгиј ќе служи во Рајчица

Mитрополитот на Имврос и Тенедос,  Кирил од Вселенската патријаршија ќе биде повторно гостин на МПЦ-ОА. Бигорскиот манастир објави...

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...