Владика Петар: МПЦ не се враќа назад со статусот од Југославија, во очекување сме на следните потези

Date:

Share post:

Канонското единство значи дека сега можеме заедно да богослужиме и дека нашата Црква е рамна на другите, тоа е за нас битното. Сега молчиме и сме во очекување на следните потези. А коментарите за некакво враќање на автономијата, па коментарите околу автокефалноста, тоа се само празни прикаски. Во Југославија не може да се вратиме. Ова, меѓу другото, во разговор за МКД.мк го вели владиката Петар, поврзано со вчерашното соопштение на Светиот архиерејски сабор на СПЦ.

На прашањето дали Синодот на МПЦ-ОА испратил акт до Светиот архиерејски сабор на СПЦ, како што вчера беше наведено во соопштението на Саборот на Српската црква, владиката Петар вели: „Тие работи се веќе апсолвирани и нема потреба да давам коментари околу тоа“.

На прашањето дали се работи зa враќање на статусот на МПЦ пред 1967 година кога беше прогласена автокефалност, односно во 1959 година кога МПЦ e aвтономна во канонско единство со СПЦ, владиката Петар вели:

„За какво враќање прашувате? Постои можност за враќање назад? Канонско единство е нешто друго. Канонското единство значи да почнеме заедно да богослужиме. Тоа е целата приказна и без тоа не може да се оди напред. Без тоа не може всушност ништо да се прави ако не те признаваат дека си рамен со нив. Ако со нив служиш, тогаш си рамен на нив. Завршена приказна.

Нема потреба од никакво враќање назад. Што треба да се случи? Да се врати Југославија, да го вратиме патријархот Герман? Да вратиме сѐ како што било некогаш? Такво нешто не е можно.

Целата приказна е во следново. СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас. Тоа за нас е битното. Тука завршува сѐ. Оттука сега одиме натаму. Не станува збор тука за статус, автономен, автокефален, тоа што некои така коментираат само прикаски раскажуваат“.

Владиката Петар не одговори конкретно дали и кога ќе продолжат преговорите со СПЦ околу идниот статус на МПЦ-ОП, што како можност се најавува во еден дел од соопштението на СПЦ.

„Ќе видиме, времето тече, зошто нешто да кажуваме однапред? Можеби ќе згрешиме. Молчиме и ги чекаме следните потези“.

/МКД.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...