Папата објасни зошто не дозволил да му бакнуваат рака

Date:

Share post:

Тајната околу тоа зошто папата Франциск ја повлече десната рака додека луѓе во долга редица чекаа да му се поклонат и да му ја бацат раката сепак е разрешена – не сакал да шири бактерии.

Тоа е едноставно прашање на хигиена“, им кажа на новинарите портпаролот на Ватикан Алесандро Гизоти вчера, откако директно го прашал папата.

Гизоти објасни дека во редот имало многу луѓе и папата не сакал да шири бактерии за време на настанот додека луѓето еден по друг во краток интервал му ја бацуваат раката.

Снимката од понеделникот стана вирална на социјалните мрежи и беше емитувана и во хумористични емисии во ноќната програма во САД.

Одбивањето на папата набрзо отвори и процедурална битка меѓу конзервативните и прогресивните католици.

Конзервативна католичка интернет страница која често го критикува папата епизодата ја нарече „вознемирувачка“, а друга кажа дека мора да даде оставка ако не ги сака ритуалите.

„Тој сака да ги прегрнува луѓето и сака луѓето да го прегрнуваат“, кажа Гизоти.

Портпаролот истакна дека папата дозволил на ограничен број луѓе да му ги бакнат раката и прстенот, на пример на постара италијанска свештеничка во средата на аудиенција кога ѝ оддал признание за децениската служба на сиромашните во Африка.

Близок советник на папата во вторник изјави дека папата „се забавувал“ околу прашината што се крена околу целиот „инцидент“.

/MKD.MK

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img