Претставници на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија го оценуваат како недоследен и како чин на исплашеност, потегот на Бугарските владици да не разговараат со Рускиот патријарх Кирил за време на неодамнешната посета на Софија, за прашањето БПЦ да е црква мајка на МПЦ.
Во телефонскиот разговор за Канал пет истите извори велат дека и немаат како поинаку да гледаат на ова бидејќи претходно и лично и со допис им било ветено од Бугарскиот митрополит на Средна и на Западна Европа Антониј дека оваа точка е веќе ставена на агендата за разговори со Рускиот патријарх.
Зошто тоа не било направено, досега официјално образложение од Бугарскиот синод нема.
Новинарот на емисијата ,, Вера и општество,, на Бугарската национална телевизија Горан Благоев смета дека таков предлог до Бугарските владици стигнал од офисот на Рускиот патријарх Кирил што не било тешко да се заклучи по последните изјави на руските црковни и државни претставници.
Две недели пред посетата на Рускиот Патријарх на Балканот, митрополитот Волоколамски Иларион Алфеев кој е Министер кој е шеф на Руската црковна дипломатија, доста јасно и категорично кажа дека прашањето на Македонската Архиепископија треба да се решава единствено преку Српската црква. Истото го кажа и министерот за надворешни работи на Русија Лавров, и сметам дека не би го изјавиле ако тоа не е официјална позиција на Руската православна црква и претпоставувам дека таа позиција стигнала до синодот во Софија, вели Горан Благоев- новинар на БНТ во емисија ,,Вера и општество,,.
Благоев кон овие изјави ги анализира и изјавите од Вселенската патријаршија од февруарското заседание од кое улогата на БПЦ како црква мајка ја осуди и ја оцени за неканонска, изјави Благоев.
-Се плашам дека можеби тој процес ќе биде стопиран бидејќи позицијата на Бугарската црква не е толку силна и активна во православниот свет за да може навистина да ја воведе Македонската Архиепископија во семејството на Православните народи. Во нашиот Синод има желба и има силна општествена поддршка но, некои црковни авторитети последните години не соодветствуваат на таа големи мисија што и се дава на нашата црква во овој момент. По сето ова очекувањата се ова прашање барем за извесен период да биде оставено судот за него да го даде времето и Божјата воља, велат упатените.

