Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје организира промоција на изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371.
Изданието ќе го претстават приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим: д-р Сабине Фал и Дитер Фал од Богословскиот факултет во Грајфсвалд (Германија) и проф. д-р Иван Христов од Богословскиот факултет во Софија (Бугарија).
Промоцијата ќе се одржи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите на 24 јуни 2016 – петок во 12:00 часот.

