Патријархот Порфириј од Австралија: Ѓаволот е против простувањето и единството меѓу христијаните

Date:

Share post:

Патријархот српски Порфириј порача дека зад непријателството кон христијанскиот народ стои „нечестивиот“, кој се противи на љубовта, простувањето и единството, повикувајќи ги верниците да ги надминуваат меѓусебните поделби и несогласувања.

„Ѓаволот е тој што е против љубовта, против простувањето, против единството и прегратката на браќата и сестрите. Кога ние сакаме да бидеме Христови, тој сака меѓусебно да се караме“, рече Порфириј, кој служеше света литургија во манастирот „Свети Сава“ во Илајн, Австралија, во рамките на повеќедневната канонска посета на српскиот патријарх на оваа земја.

Според Информативната служба на Српската православна црква, патријархот притоа нагласил дека единството во Црквата не значи наметнување едноумие, туку почитување на различноста на личностите и на даровите што секој човек ги носи.

„Секако, никој не мисли дека во Црквата треба да се спроведува едноумие. Тоа не е Божји благослов. Божји благослов е тоа што секој е икона Божја, икона Христова, и што секој има свој посебен дар, свој посебен печат“, истакнал патријархот Порфириј.

Обраќајќи им се на верниците во Австралија, тој говорел и за Црквата како духовен дом на луѓето кои живеат далеку од родниот крај и од местата од кои потекнуваат нивните семејства.

„Собирајќи се во Божјиот храм, вие сте во својата татковина, иако сте илјадници километри од местата каде што сте родени и каде што се вашите корени. Зашто, преку Црквата, каде и да сме, секогаш е присутно нашето место на раѓање и растење“, им порача Порфириј на присутните.

Тој додаде дека во Црквата нема временска оддалеченост ниту географски граници што можат да ја прекинат заедницата на верниците.

„Нема временска оддалеченост и географски граници кога сме во Црквата. Тоа го покажавме и денес. Со нас не се само упокоените, туку и Господовите ангели и Самиот Господ, а тоа значи дека со нас е целата вечност“, рече српскиот патријарх.

Патријархот Порфириј престојува во Австралија во рамките на повеќедневна канонска посета, за време на која се среќава со православните верници и црковните заедници во австралиската дијаспора.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img