Исламската верска заедница ќе добие 25 тона урми за распредлба, како дел од проектот на Фондацијата на саудсскиот крал, како хуманитарна помош.
Настанот за промоција на проектото бил вчера во ИВЗ, а на него присуствувле амбасадорот Фејсал бин Гази, како и претставникот на фондацијата.
-Овој проект е дел од бројните хуманитарни активности што фондацијата ги реализира ширум светот, под покровителство на Салман бин Абдулазиз Ал Сауд и престолонаследникот Мохамед бин Салман, сведочејќи за нивната континуирана посветеност во служба на верниците ширум светот. По тој повод, претставниците на Исламската верска заедница изразија длабока благодарност за поддршката и континуираниот придонес на фондацијата, високо оценувајќи ја важноста на оваа соработка во реализацијата на хуманитарни проекти. ИВЗ останува посветена на реализација на иницијативи кои им помагаат на граѓаните и ја зајакнуваат солидарноста во општеството, велат од ИВЗ.

