Почетна Вести Трговец муслиман убиен затоа што го честитал Велигден
Трговец муслиман убиен затоа што го честитал Велигден

Трговец муслиман убиен затоа што го честитал Велигден

1.75K
0

Асад Шах (40), сопственик на продавница за прехранбени производи во Глазгов, е убиен со повеќе убоди од нож.

Asad-ShahШкотската полиција соопшти дека успеала да открие и да уапси едно лице кое е осомничено за поврзаност со убиството на Шах.

Убиениот, како и неговиот осомничен убиец се муслимани, па полицијата верува дека убиството било мотивирано од религиозни причини.

Убиството се случило само неколку часа откако Шах на интернет им ги честитал Велигденските празници на своите потрошувачи христијани.

Според полицијата, постапката на Шах, кој во пораката напишал дека им го честита празникот на сите христијани во „оваа пред се христијанска земја“. предизвикала гнев кај убиецот, кој веројатно е радикализиран муслиман.

Тој го начекал Кан кога излегувал од неговата продавница, а потоа го нападнал, нанесувајќи му убоди со нож и оставајќи го во критична состојба на тротоарот. Кан починал на пат кон болницата.

Убиството на Шах предизвика шокираност, затоа што тој важел за мирен и омилен човек, поради неговата љубезност и коректност кон сите купувачи

Младите од квартот каде се случи убиството, преку интернет покренаа акција за материјално да му помогнат на семејството на убиениот.

Според шкотските медиуми, на апелот веднаш се одзвале повеќе од три илјади лица, кои досега успеале да соберат над 60 илјади фунти.

На комеморацијата за Шах, одржана во Глазгов се собрале повеќе од 400 жители на градот, а меѓу нив и првиот министер на Шкотска, Никола Старџен, која е пратеник од изборната едница каде беше извршено убиен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *