
Папата Фрнациск го нарече кукавички и безмилосен злочин, вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Пакистан во кој загинаа 69 христијани, претежно жени и деца славејќи го Христовото Воскресение.
Поглаварот на римокатоличката црква, осудувајќи го овој чин ги повика сите луѓе да се молат за бројните жртви и нивните најблиски, кои пострадаа од немилосрдноста на терористите.
Франциск денеска ги повика државните власти и сите општествени институции во Пакистан да ги вложат сите напори за да им обезбедат сигурност и мир на сите, особено на верските малцинства.
-Уште еднаш повторувам дека насилството и убиствената омраза водат само кон болка и поделби, почитувањето и братството се единствениот пат кон мирот. Нека воскресението христово уште повеќе да ја поттикне во нас молитвата на Бога да се запре раката на насилниците, кои сеат терор и смрт и во светот да завладее љубов, праведност и помирување, изјавил Папата Франциск.