Почетна Вести Почнаа преговорите меѓу Украина и Фанар за автокефалноста на Украинска патријаршија
Почнаа преговорите меѓу Украина и Фанар за автокефалноста на Украинска патријаршија

Почнаа преговорите меѓу Украина и Фанар за автокефалноста на Украинска патријаршија

233
0

Вселенската патријаршија и Украинската православна црква, Киевска патријаршија ги почнаа разговорите за решавање на украинското црковно прашање. Првата средба меѓу претставници на двете цкрви се слчучила на 12 јануари, во седиштето на Вселенската патријарпија во Фанар – Истанбул.

Украинската црковна делегација ја претставувале тројца владици и заменик ректорот на православната богословска Академија во Киев.

bartholomew-GR-IBNAОд страната на Цариградската патријаршија во комисијата за разговори биле тројца митрополити, заедно со секретарот на Синодот.

Од соопштението изадено од Киевската патријаршија, се чита дека двете страни размениле позиции околу тоа како да се дојде до решение на црковниот проблем, разгледувајќи го барањето на Киевската патријаршија за доделување на автокефалност.

Претставниците на Вселенската патријаршија истакнале дека украинскиото црковно прашање е многу сложено, но Вселенската патријаршија како мајка-црква нема да ги напушти своите напори да се најде најдобар пат за решавање на проблемот. Тие ја увериле украинската страна дека сите мислења и предлози, искажани на средбата, ќе му бидат соопштени на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Синодот на Константинополската црква, кои ќе преземат соодветни одлуки. Членовите на украинската делегација изразиле надеж дека “мајката-црква во Константинопол ќе направи се што е можно за да можат овие одлуки да бидат прифатени колку што е можно побрзо”,

Инаку Киевска патријаршија, која е непризнаена во православниот свет е најголемата црковна структура во Украина, предводена од Филарет, поранешен Киевски митрополит и претседател на надворешниот долг на Руската православна црква- МП. Создадена е во 1992 година, и себе си се смета за наследник на Киевска катедра, која до крајот на 17 век била под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Таа контролира 2260 храмови, вклучително и манастири, а речиси 40% од православните во Украина се црквуваат во нејзе.

Иницијативата за добивање на автокефална статус се активира по одбивањето на Руската Црква да учествува во Соборот на Православната Црква во Крит минатата година. Уште тогаш претставниците на Киевска Патријаршија и други структури во земјата се обратија кон Вселенска патријаршија, за да добијат канонско признание и автокефална статус.

Оттогаш Московскиот Патријарх Кирил повеќепати изјави дека Московската патријаршија во никој случај нема да се согласи да даде независност на Украинската црква.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *