Почетна Uncategorized Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј
Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј

Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј

754
0

Во софиската народна библиотека пронајден е оригинален ракопис на писмо од поранешниот игумен на Бигорскиот манастир Арсениј. Писмото го објави бигорскотоп братство, прекжу својата интернет странца, а го добиле од Филип Филипов  историчар од Софија, а по потекло од реканскиот крај.

Овој драгоцен документ е писмо на игуменот Арсениј го испратил  до проигуменот на Зографската Света Обител на Света Гора, јеромонахот Иларион. Писмото е напишано на еден табак хартија, на четири страници и датира од 25 март 1834 година, односно пет години пред упокојувањето на архимандрит Арсениј. Јазикот на кој е составено е црковнословенски, со изразени примеси на месниот народен говор, во кој се среќаваат и говорни турцизми.

-Од содржината на писмото лесно може да се заклучи дека тогашниот зографски проигумен бил некогашен бигорски собрат („ова ти е отечеството и овде ти е твојата метанија“), духовно чедо на отец Арсениј. Впрочем, тој така и му се обраќа: „Ова молитвено послание да му се предаде на кир кир Иларион… наше во Христа возљубено чедо“; и на друго место: „Чедо мое духовно и брате мој возљубен, како твој отец духовен големо желание имам јас грешниот, да го видам твоето чесно лице…“ Исто така, лесно воочлива е големата поврзаност на Бигорската Обител со Светата Гора Атонска, особено со Манастирот Зограф. Раководен од духот на премудроста Божја и од желбата за спасение на својот народ, архимандритот Арсениј испраќал во Градината на Пресвета Богородица многу свои духовни чеда и ученици, за таму да стекнат потребни знаења и искуство, со кои ќе можат да му помогнат на својот поробен народ во западниот дел на Македонија. Парафразирајќи го Свети апостол Павле, тој со пастирска болка пишува: „нема полза во тоа човек да се спаси самиот, туку да спаси и други души, за кои Христос умре“.

Како добар духовен татко и пастир, тој се грижи да ги собере своите чеда, на кои и материјално им помогнал да се школуваат, и да ги натера да се вратат во местото на својот подвиг, со цел да помогнат во духовниот препород на страдалниот народ. Меѓу неговите духовни чеда се јавува името и на великиот наш црковен деец и преродбеник, архимандритот Анатолиј Зографски.

Но она што е особено важно и кое сведочи за силата на гигантскиот дух на игуменот Арсениј е фактот што, и покрај големата потреба и недостиг со кои се соочувал сопствениот му Манастир, сепак со сите свои усилија учествувал во духовната обнова на Света Гора, особено на манастирот Зограф. Таму тој испраќал многу свои духовни чеда, кои со време станувале видни игумени, духовници, економи, учители…, кои многу придонеле за материјалното и духовно издигнување на Света Гора во тој период, пишуваат монасите од Бигорската обител, опишувајќи ја содржината на писмото.

Тие влеат дека мошне интересно е и тоа што во дел од содржината на писмото се зборува за направата за производство на халкографии (бакрописи) со ликови на светители, а познато е дека Бигорскиот Манастир, во времето на игуменот Арсениј, печател хартиени икони со ликот на својот патрон, Свети Јован Претеча.

-Од зборовите на отец Арсениј може да се прочита неговата голема скромност и смирение, како и тешката материјална оскудност на Бигорската Обител.

Ова скромно писмо говори навистина многу за огромното значење и улога што ја имал Бигорскиот Манастир во времето на Преродбата и во издигнувањето на такви дејци што ќе бидат протагонисти во образувањето на народната свест, јазик, култура, државотворност, велат од Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *