Почетна Uncategorized Охриѓани и стружани подготвија 1500 килограми зимница за Бигорскиот манастир
14469416_1387157204690998_601958658_n-1

Охриѓани и стружани подготвија 1500 килограми зимница за Бигорскиот манастир

1.96K
0

Над еден тон и петстотини килограми пиперки припремиле и конзервирале верници од Струга и од Охрид со намена за помош на монасите и монахињите од Бигорскиот и од манастирот во Рајчица.

Станува збор за самоиницијатива на голем број верници кои викендов во дворот на црквата „Света Троица“ во охридската населба Црногорци ја приготвиле зимницата за Бигорската обител. Во подготовката учествувале доброволци од Охрид и Струга заедно со свите семејства.

-Со божја помош, трет ден работа се радуваме со помошта на најмладите, Бог од сите страни доведе луѓе верници за помош на обителта Бигорска. Светиот Јован Крстител да ги украси со неовенлив венец оние кој неуморно веќе трет ден со исполнети срца работат на хуманата акција, велат иницијаторите на акцијата за помош на Бигорската Обител.

/РЕЛИГИЈА.МК

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *