Почетна Uncategorized БПЦ: Соборот на Крит ниту е Голем, ниту е Свет
БПЦ: Соборот на Крит ниту е Голем, ниту е Свет

БПЦ: Соборот на Крит ниту е Голем, ниту е Свет

215
0

Синодот на Бугарската православта црква – Трновска Патријаршија и официјално ги отфрли документите усвоени на Големиот Собор одржан годинава на Крит. За Бугарските Архиереи, средбата на островот ова лето не претставува никаков Вселенски Собор на Православната црква, ниту пак таа средба може да се нарече „Голем и Свет Собор“.

bugarska-crkva-3Бугарската православна црква потсетува дека на тој Собор не учествувале четири помесни православни цркви, кои го претставуваат доминантото мнозинство на Православни во светот.

Бугарските владици стојат на ставот дека оваа средба на Крит требала да биде само дел од подготовките за одржување на Соборот на Православната црква.

Синодалните архиереи на БПЦ велат дека важно е да се потенцира дека во Крит документите претрпеле одредени, но несуштински и недоволни промени за тие бидат сеправославно прифатени.

-Исто така Православната Црква не може да ги прифати и различните концепти и учења, врз основа на кои инославните се оправдуваат со тоа единство, стои во соопштението на БПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *