Почетна Uncategorized Рускиот патријарх бара одговорност од Европа поради потиснувањето на христијанството
Рускиот патријарх бара одговорност од Европа поради потиснувањето на христијанството

Рускиот патријарх бара одговорност од Европа поради потиснувањето на христијанството

165
0

Рускиот патријарх Кирил очекува коренити промени во Европа поради потиснувањето на христијанството од континентот.

Поглаварот на Руската православна црква ова го изјави денеска во разговор со претседателот на Парагвај, Орасио Мануел Кортес Хара, јави ТАСС.

Говорејќи за средбата со папата Франциско во Хавана на 12 февруари, патријархот истакна дека разговорот бил посветен на „сеопштото потиснување на христијанските вредности од животот на повеќе современи држави“.

– Дехристијанизацијата на Европа е опасна не само од гледна точка на дискриминација кон христијаните. Тоа е опасно од духовен и културен аспект, додаде тој.

– Средбата со Франциско мина во братска атмосфера, тоа не беше само обична размена на љубезност, туку сериозен двочасовен разговор, нагласи рускиот патријарх.

Парагвајскиот претседател нагласи дека по средбата светот со нетрпение очекува подобрување на односите меѓу Римокатоличката и Руската православна црква.

Турнејата на рускиот патријарх во Латинска Америка, почна на 11 февруари со посета на Куба, продолжува со Парагвај, потоа следува Бразил и планирано е да заврши на 22 февруари.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *