Почетна Вести Поранешен амбасадор во Ватикан е нов декан на Богословски факултет
Поранешен амбасадор во Ватикан е нов декан на Богословски факултет

Поранешен амбасадор во Ватикан е нов декан на Богословски факултет

1.52K
0

gjoko gorgevskiПрофесорот д-р Ѓоко Ѓорѓевски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Ватикан официјално е новиот декан на Богословскиот факултет во Скопје. Ваквата одлука за негово поставување била потврдена на вчерашната Синодска седница на Македонската православна црква – ОА, откако се утврдило разрешувањето на поранешниот декан, професорот Ацо Гиревски, кој три мандата беше на чело на оваа образовна институција. За време на неговиот мандат, познато е дека факултетот кубуреше со финансии, односно се случуваше по неколку месеци кадарот да не добие плата.

Но, извори од факултетот за Религија.мк потврдија дека заклучно со месец февруари годинава исплатени биле сите заостанати плати.

Новиот декан, досега беше и професор на истиот факултет, каде ги предаваше предметите Вовед во Светото писмо на Стариот завет, Свето писмо на Стариот завет – егзегеза, Библиска историја со археологија, Црковнословенски јазик.

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје е основан во 1977 година, десет години од возобновувањето на Македонската православна црква (1967-1977).

Тој е всушност возобновител на Светиклиментовиот универзитет од пред 1122 години како негов директен наследник.

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, по своето три децениско постоење, денес функционира со статус на најмлада придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Статут на УКиМ, член број 58). Многу време требаше да се посвети на неговото конституирање, кое требаше да се направи не само според Уставот на Македонската православна црква, туку и според прописите и одредбите на Законот за Високото образование во Република Македонија.

Р.З.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *