Почетна Вести Христијанство Протестантите во Македонија барат 31 октомври да биде прогласен за празник
Протестантите во Македонија барат 31 октомври да биде прогласен за празник

Протестантите во Македонија барат 31 октомври да биде прогласен за празник

415
1

Евангелско-протестантските цркви регистрирани во Македонија, обединети под Евангелско-протестанстска иницијатива (ЕПИ) официјално побараа 31 октомври, Денот на Реформацијата да биде прогласен за празник на евангелско-протестантските христијани.

-Тргнувајќи од фактот дека евангелско-протестантските христијани повеќе од 150 години се дел од религиозната историја и култура на Македонија и од мултикултурното општество, ние евангелско-протестантските цркви во Македонија, собрани во Евангелско-протестантска иницијатива (ЕПИ), сметаме дека е правично да се побара 31 октомври – денот на реформацијата – денот кој се смета за почетокот на протестантската реформација, 31 октомври 1517 година, да биде прогласен за празник на евангелско – протестантските христијани, стои во иницијативата.

Протестантите во Македонија сметаат дека вклучувањето на овој празник во листата на празниците ќе биде потврда на улогата и заложбата на евангелско-протестантските цркви за развојот на македонското општество, но и вистинската мултирелигиозност на нашето општество.

Овој празник, 31 октомври – Денот на Реформацијата е државен празник во Германија, Словенија, Словачка.

Протестантската иницијатива обединува 11 регистрирани цркви, Евангелско-методистичка црква во Македонија, Евангелска црква во Република Македонија; Евангелско-конгрешанска црква; Евангелско-протестантска црква Гласност; Слободна евангелска црква „Добра вест“; Христијанска баптистичка црква „Радосна Вест“; Христијанска заедница Тринитас; Христијански центар во Република Македонија; Христијанска црква Божји глас; Христијанска црква Оаза во РМ; Христијанска црква Слово на надеж.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *