Почетна Вести Владиката Тимотеј и Архимандритот Партениј, в понеделник во Гари ќе одбележат голем јубилеј
Владиката Тимотеј и Архимандритот Партениј, в понеделник во Гари ќе одбележат голем јубилеј

Владиката Тимотеј и Архимандритот Партениј, в понеделник во Гари ќе одбележат голем јубилеј

1.06K
0

Голем и значаен јубилеј ќе одбележи Дебарско-кичевската митрополија и Бигорскиот манастир в понеделник во селото Гари.

gari 1Митрополитот Тимотеј и Игуменот Партениј заедно со монасите од Бигорски ќе отслужат празнична архиерејска Литургија во чест на 150 годишнината од зографисувањето и осветувањето на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Гари.

gari 5Храмот на Пресвета Богородица во селото Гари е изграден во 1860 година и бил зографисуван 6 години до 1866 година, кога и е осветен.

Прекрасниот живопис бил изработен од најпознатиот македонски зограф од 19 век, Дичо Зограф, и неговиот син Авраам Дичов.

gari 3Инаку, во селото Гари бил роден великанот на македонското копаничарство, Петре Филиповски – Гарката, кој заедно со својот брат Марко и нивната тајфа, го изработиле иконостасот и на храмот на Божјата Мајка во нивното родно село.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *